Гуанган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гуанган
廣安
—  Окружен град  —
кинески и транскрипција
 • Упростено 广安
 • Традиционално 廣安
 • пинјин Guǎng'ān
Местоположбата на округот Гуанган во рамките на Сечуан
Земја НР Кина
Покраина Сечуан
Окружни единици
Управа
 • Партиски секретар Ванг Џиенџин
 • Градоначалник Хоу Сјаочун
Површина
 • Вкупна 6.344 км2
Највисока точка 1.704 м
Најниска точка 185 м
Население
 • Вкупно 4,443,000 жит.
Час. појас Кинеско стандардно време (UTC+8)
Повик. бр. 0826
Портал guang-an.gov.cn

Гуанган (кин. 广安, пинјин: Guǎng'ān) е град во источниот дел на покраината Сечуан, Кина. Градот е најпознат како родно место на прочуениот премиер и реформатор Денг Сјаопинг, наречен „Творецот на современа Кина“. Гуанган се протега меѓу ридовите на централен Сечуан и источните клисури. Заради неговото стратешка местоположба, градот се нарекува „премин кон источен Сечуан“.

Географија и клима[уреди]

Гуанган е сместен на благо наклонето земјиште долж рабовите на Сечуанската Котлина. Површината изнесува 6.344 км². Источниот дел е планински, централниот е ридест, додека пак западниот е релативно рамен. Теренот се движи од 185, па сè до 1704 метри надморска височина. Поважни реки во областа се Чи (渠江) која тече низ средиштето и Џалинг (嘉陵江) која тече низ западниот крај.

Климата е умерена и монсунска. Просечната температура се движи од 15,8° до 17,7 °C. Зимите се благи, а летата врели. Просечното количество врнежи изнесува 1000-1500 mm. Во годината има 310-324 денови без мраз. Зимата и пролетта се релативно суви, но затоа летото има обилни дождови. Есента се одликува со речиси постојани вржени и слаб ветер.

Административна поделба[уреди]

Гуанган има 1 град, 3 околии, 87 помали градови и 2.886 села, со вкупно население од 4.443.000 жители [1].

Реони:

Околии:

Град:

Транспорт[уреди]

Стопанство[уреди]

Стопанството на Гуанган претежно се состои од експлоатација на природни ресурси. Земјата е богата со минерални лежишта, а почвата е особено погодна за обработка.

Туризам[уреди]

Во блиското селото Пајфанг се наоѓа музеј-куќата на Денг Сјаопинг (牌坊村). Гуанган има особено убава природна околина со многубројни планини и клисури кои денес се паркови.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]