Група за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (англиски: Angiosperm Phylogeny Group или скратено APG) е здружение формирано од две меѓународни групи на ботаничари-систематичари, чија цел е воспоставување на консензус во однос на систематиката на цветните (скриеносемени) растенија која би ги рефлектирала сродните односи помеѓу цветниците базирани на истражувањата во молекуларната систематика. Од оваа соработка произлегоа два документа, и тоа 'APG I (1998)' и 'APG II (2003)'. Тие се создадени како резултат на несогласувањата кои постојат во постарите класификации на растителниот свет (како системите на Кронквист од 1981, потоа на Торн од 1992 и 2001 и на Тахтаџјан од 1997).