Грофовии во Ирска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Грофовиите (или окрузи) во Ирска (ирски: contaetha na hÉireann; англиски: Counties of Ireland; алстерски шкотски: coonties o Airlann) се историски и сегашни административни единици на месна самоуправа на островот, во рамките на две држави.

Кери Антрим Лондондери Даун Арма Лаут Тирон Вексфорд Даблин Виклоу Монахан Донегол Фермана Вотерфорд Корк Лимерик Клер Карлоу Килкени Лиш Типерери Мит Килдер Каван Литрим Слајго Роскомон Голвеј Лонгфорд Вестмит Офали Мејо МејоКарта на грофовиите на Ирска. Република Ирска е со зелено, а Северна Ирска е драп.
Стиснете на грофовија за да отидете на соодветната статија

Во историјата, грофовијата имала задача да ја претставува централната кралска власт во областа на оданочувањето, безбедноста и судството на локално ниво. Најпрвин, за ова биле надлежни камбронормандските властелини, а потоа улогата му припаднала на староанглиското благородништво. Со слабеењето на моќта на властелините, во грофовиите биле воспоставени нови управни служби на тоа ниво.

Почнувајќи од раниот XIX век, грофовиите се прилагодени на тогашните административно-политички потреби. Некои од нив биле поделени на помали единици, а други загубиле дел од територијата кај поголемите градови со воспоставувањето на автономни градски совети. Грофовиите во Северна Ирска денес немаат никаква административна улога и се заменети со окрузите. Во Република Ирска пак, грофовиите се основна административна единица.

При поделбата на Ирска во 1921 г., грофовијата послужила како основна управна единица, заедно со околијата.

Список на грофовии[уреди]

Првите 32 грофовии наведени на списокот се „традиционални“ грофовии, од кои 21 сè уште има административна функција на месна самоуправа во Република Ирска (во некои случаи со малку изменети граници). Поновите административни грофовии (окрузи) во Р. Ирска се наведени најдолу на табелата. Ирските називи на грофовиите во Р. Ирска се пропишани со министерски налог. Петте понови грофовии не го содржат зборот contae (грофовија).[1] Називите на алстерското шкотско наречје се изведени од Северно-јужниот министерски совет.[2]

Колоната за региони (освен кај шесте северноирски грофовии) се однесува на стататистичките региони NUTS 3 на Република Ирска. Под „административен центар“ се подразбира сегашен или поранешен главен град на грофовијата.

Градовите кои, во Р. Ирска, се под управа вон грофовиите, но имаат ист правен статус како грофовии, не се прикажани посебно: тоа се Корк, Даблин, Голвеј. Исто така не се прикажани поранешните грофовиски околии Лондондери (денес Дери) и Белфаст, кои во Северна Ирска уживале ист статус како шесте грофовии сè до преуредувањето на месната самоуправа во 1973 г.

Грб Грофовија Ирски[3] Англиски Алстерски шкотски Админ. центар Покраина Стат. регион Белешки

Традиционални грофовии

Antrim arms.svg Антрим Aontroim
(Contae Aontroma)
Antrim Antrim[4] Балимена (порано
Керикфергус 1850-1970)
Алстер Северна Ирска
Armagh arms.svg Арма Ard Mhacha
(Contae Ard Mhacha)
Armagh Armagh,[5] Airmagh[2] Арма Алстер Северна Ирска  
IRL COA County Wexford 3D.svg Вексфорд Loch Garman
(Contae Loch Garman)
Wexford Вексфорд Ленстер Југоисточен воедно и административна
Вестмит An Iarmhí
(Contae na hIarmhí)
Westmeath Малингар Ленстер Југоисточен воедно и административна
WicklowCrest.png Виклоу Cill Mhantáin
(Contae Chill Mhantáin)
Wicklow Виклоу Ленстер Средноисточен воедно и административна
Waterfordcrest.png Вотерфорд Port Láirge
(Contae Phort Láirge)
Waterford Wattèrford[2] Дангарван
(претходно Вотерфорд)
Манстер Југоисточен
Logogalwayco.png Голвеј Gaillimh
(Contae na Gaillimhe)
Galway Голвеј Конахт   Западен
Dublin crest.svg Даблин Áth Cliath
(Contae Átha Cliath)
Dublin Даблин Ленстер Даблински
Down arms.png Даун An Dún
(Contae an Dúin)
Down Doon[4][2] Даунпатрик Алстер Северна Ирска
Donegalcocologo.png Донегол Dún na nGall
(Contae Dhún na nGall)
Donegal Dunnygal[2] Лифорд Алстер Пограничен воедно и административна
Cavan crest.svg Каван An Cabhán
(Contae an Chabháin)
Cavan Cavan[2] Каван Алстер Пограничен воедно и административна
Carlow County Crest.svg Карлоу Ceatharlach
(Contae Cheatharlach)
Carlow Карлоу Ленстер Југоисточен воедно и административна
Kerrycocologo.svg Кери Ciarraí
(Contae Chiarraí)
Kerry Трали Манстер Југозападен воедно и административна
KildareCrest.png Килдер Cill Dara
(Contae Chill Dara)
Kildare Kildare[2] Нејс Ленстер воедно и административна
Kilkenny County Crest.svg Килкени Cill Chainnigh
(Contae Chill Chainnigh)
Kilkenny Килкени Ленстер Југоисточен воедно и административна
County Clare Crest.svg Клер An Clár
(Contae an Chláir)
Clare Clare[2] Енис Манстер Среднозападен воедно и административна
County Cork.gif Корк Corcaigh
(Contae Chorcaí)
Cork Coark[2] Корк Манстер Југозападен прикажан е грбот на градот Корк — не постои грофовиски грб 
Louth Co Co.png Лаут
(Contae Lú)
Louth Louth[2] Дандолк Ленстер Пограничен воедно и административна
County Limerick Council.png Лимерик Luimneach
(Contae Luimnigh)
Limerick Lïmerick[2] Лимерик Манстер Среднозападен
County Leitrim arms.svg Литрим Liatroim
(Contae Liatroma)
Leitrim Leitrim[2] Карик на Шанон Конахт Пограничен воедно и административна
Laoiscocologo.png Лиш Laois
(Contae Laoise)
Laois Портлише Ленстер Средишен воедно и административна
Longfordcclogo.png Лонгфорд An Longfort
(Contae an Longfoirt)
Longford Langfurd[2] Лонгфорд Ленстер Средишен воедно и административна
Lderry arms.svg Лондондери[6] Doire
(Contae Dhoire)
Londonderry Lunnonderrie[2] Колрејн Алстер Северна Ирска
County Mayo coat of arms.png Мејо Maigh Eo
(Contae Mhaigh Eo)
Mayo Каслбар Конахт Западен воедно и административна
Meath coa.svg Мит An Mhí
(Contae na Mí)
Meath Наван
(претходно Трим)
Ленстер Средноисточен воедно и административна
Co Monaghan arms.svg Монахан Muineachán
(Contae Mhuineacháin)
Monaghan Monaghan[2] Монахан Алстер Пограничен воедно и административна
Offaly crest.svg Офали Uíbh Fhailí
(Contae Uíbh Fhailí)
Offaly Таламор Ленстер Средишен воедно и административна
Logo-contea-Roscommon.png Роскомон Ros Comáin
(Contae Ros Comáin)
Roscommon Roscommon[2] Роскомон Конахт Западен воедно и административна
Sligococo.png Слајго Sligeach
(Contae Shligigh)
Sligo Слајго Конахт Пограничен воедно и административна
IRL county Tipperary COA.png Типерери Tiobraid Árann
(Contae Thiobraid Árann)
Tipperary Клонмел и (порано) Кашел  Манстер нема
(вид. фуснота)
Tyrone arms.svg Тирон Tír Eoghain
(Contae Thír Eoghain)
Tyrone Owenslann,[7] Tyrone[2] Ома Алстер Северна Ирска
Ferm arms.png Фермана Fear Manach
(Contae Fhear Manach)
Fermanagh Fermanagh[2] Енискилен Алстер Северна Ирска

Понови административни грофовии

Дан Лири-Ратдаун Dún Laoghaire–Ráth an Dúin Dún Laoghaire–Rathdown Дун Лере Ленстер Даблински
Јужен Даблин Áth Cliath Theas South Dublin Тала Ленстер Даблински
Фингал Fine Gall Fingal Сордс Ленстер Даблински

Напомена: нема наведено регион за грофовијата Типерери, бидејќи истата е заменета со денешните административни грофовии Северен и Јужен Типерери пред воведувањето на статистичките региони на NUTS, кои припаѓаат на засебни региони.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Министерски налог, 2003 со кој се пропишуваат ирските топоними (ирски) (англиски)
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 Северно-јужен министерски совет. „За Северно-јужниот министерски совет“. http://www.northsouthministerialcouncil.org/web_2006_ulster_scots_report.pdf. конс. 21 мај 2012.  (алстерски шкотски)
  3. „Gasaitéar na hÉireann / Gazetteer of Ireland“. Dublin: Brainse Logainmneacha na Suirbhéireachta Ordanáis / Placenames Branch of the Ordnance Survey. 1989. ISBN 070760076. 
  4. 4,0 4,1 Ulster Scots Language Society. „About Us“. http://www.ulsterscotslanguage.com/usl/about-us/. конс. 21 мај 2012. 
  5. Department of the Environment Northern Ireland. „Navan Fort, Ulster-Scots Translation“. http://www.doeni.gov.uk/niea/navanfortus.pdf. 
  6. Лондондери често се нарекува Дери (Derry)
  7. Dungannon Borough Council. „Fair faa ye tae Rathgannon Sooth Owenslann Burgh Cooncil (Welcome to the Dungannon and South Tyrone Borough Council)“. http://www.dungannon.gov.uk/index.cfm/area/Ulsterscotch. конс. 21 мај 2012. 

Надворешни врски[уреди]