Гроб на Свети Петар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гробот на Свети Петар)
Балдахин Свети Петар, од Бернини. Гробот на Свети Петар се наоѓа директно под оваа структура.

Гробот на Свети Петар се наоѓа во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Историја[уреди | уреди извор]

По распнувањето на Исус во текот на 1 век од новата ера, во библиската книга Апостолски дела пишува дела еден од дванаесетте апостоли на Исус, Симон познат како Петар, рибар од Галилеја, ја презел водечката и водачката позиција помеѓу следбениците на Исус. Така, Петар во следните години одиграл голема улога во формирањето на христијанската црква. Името Петар (латински: "Petrus"; грчки: "Petros"), во превод означува камен или карпа.

Според верувањата, Петар по триесет години мисионерство и проповедење на новата религија, кон втората половина 1 век дошол во Рим каде во 64 година бил уапсен, измачуван и распнат на крст. Ова се случувало во времето кога на престолот на Римското Царство бил императорот Нерон. Тој бил уапсен по големиот пожар кој го опфатил Рим бидејќи Нерон сметал дека христијаните биле виновни за истиот. Пред да биде распнат на крст, апостол Петар побарал да биде распнат со главата надолу.[1]. Распетието се случило во близина на античкиот египетски обелиск во Неронскиот циркус.[2]. Денеска, овој обелиск се наоѓана плоштадот Свети Петар. Тој е еден од неколкуте антички обелисци во Рим.[3]

Според традицијата, Петар бил погребан недалеку од циркусот на Нерон, во Ватиканските ѕидини, што пресметено е на помалку од 150 метри од неговото место каде што починал. Виа Корнелиа денеска се наоѓа на јужната страна од базиликата и плоштадот Свети Петар. Гробот на апостол Петар во почетокот бил означен само со црвен камен, симбол на неговото име. Изградбата на храмот се случила неколку години подоцна, односно по речиси триста години.[2]

На 23 декември 1950 година, Папа Пиј XII официјално го објавил откривањето на гробот на Свети Петар.[4] Тоа било кулминација на десетгодишните археолошки истражувања во криптата на базиликата, под површини кои датирале од 9 век. Самата структура на гробницата се верува дека била изградена во времето на Папа Анаклет во 1 век. На местото биле пронајдени човечки мошти, но не можело да се утврди дали истите припаѓаат на Свети Петар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. New Advent Catholic Encyclopedia
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име JL-M.
  3. Frank J. Korn, Hidden Rome Paulist Press (2002)
  4. Hijmans, Steven. „University of Alberta Express News“. In search of St. Peter's Tomb. Архивирано од изворникот на 2006-01-25. Посетено на 2006-12-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостHerbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)