Гробот на Абрахам Линколн
Гробот на Абрахам Линколн или само Гробот на Линколн (англиски: Lincoln's Tomb) е вечниот дом на шестнаесетиот претседател на САД, Абрахам Линколн, но и на неговата жена Мери Тод Линколн и на три од четирите негови деца.[2]. Гробот се наоѓа на гробиштата Оук Риџ во Спрингфилд, Илиноис и е под закрила на државата Илиноис под името „Државен историски локалитет Гроб на Линколн“.[3]
Содржина |
Историја [уреди]
На 15 април 1865, денот кога умрел Абрахам Линколн, група граѓани од Спрингфилд го создадел Националното здружение Споменик Линколн и започнале акција за собирање средства за создавање меморијален центар или гроб на Претседателот.[4]
По доаѓањето на телото на Претседателот на 3 мај, истото било положено во Стариот државен капитол на Илиниос само една вечер[3]. По закопот следниот ден, ковчегот на Линколн бил положен во гробиштата Оук Риџ, место кое го избрала жената на Линколн.[4] Во декември останките на Линколн биле преместени, привремено, на друга локација, која денес е обележана со мал гранит и се наоѓа позади гробот на едно брдо.[5] Во 1871 година, три години по изградбата на гробницата, телото на Линколн и телата на неговите три сина биле положени во новиот, нецелосно изграден гроб.[3]
Во 1874 година, веднаш по целосната изградба на меморијалниот центар кој бил дизајниран од Ларкин Голдсмит Мид, останките на Линколн биле положени во саркофаг во соба позната како „катакомби“.[4]
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Lincoln Tomb“. „National Historic Landmark summary listing“. National Park Service. http://tps.cr.nps.gov/nhl/detail.cfm?ResourceId=219&ResourceType=Structure. проверено на 2007-10-11.
- ↑ Lincoln Tomb
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Lincoln Tomb
- ↑ 4,0 4,1 4,2 National Parks Service: Survey of Historic Sites and Buildings
- ↑ FindAGrave
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Гробот на Абрахам Линколн“ |

