Грипа
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Грипа | |
|---|---|
| Широколисна грипа (Phillyrea latifolia) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Астериди |
| Ред: | Мртвокопривовидни |
| Фамилија: | Маслинки |
| Род: | Грипа L. |
| Видови | |
|
во текстот. |
|
Грипа (науч. Phillyrea) е ред што се состои од два вида на цветни растенија од фамилијата Маслинки (Oleaceae) автохтони на Средоземјето, Канарските Острови и Мадеира.
Овие растенија се зимземени грмушки или мали дрва високи 3-9 м и сродни на прасиката (Ligustrum), маслинката (Olea) и османтусот (Osmanthus). Листовите се мали и кожести, распоредени во спротивни парови и јајцевидни до зашилени по облик. Долиги се 2-6 см, а широки 0,5-2 см. Цветовите се мали и зеленикаво бели, мали китки. Плодот е јаткаст со една семка.
Во Република Македонија се среќаваат како примеса на термофилните заедници во Повардарието, Струмичко, Дојранско и Охридско.[1]
- Видови
- Phillyrea angustifolia L. - теснолисна грипа
- Phillyrea latifolia L. (syn. P. media) - широколисна грипа
Наводи [уреди]
- ↑ „Грипа“, „Македонска енциклопедија“. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 400.
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Грипа на Ризницата.
Податоци поврзани со Грипа на Викивидовите- Флора на Европа: Грипа (Phillyrea) (англиски)