Григориј Сковорода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Григориј Сковорода
Hryhoriy Skovoroda.jpg
Роден(а) 3 декември 1722
Чорнухи, Руска Империја
Починал(а) 9 ноември 1794 (71 год.)
Сковородинивка, Руска Империја
Занимање писател, композитор, учител
Народност Украинец
Државјанство Руска Империја

Григориј Савич Сковорода (украински: Григорій Савич Сковорода; руски: Григо́рий Са́ввич Сковорода́, 3 декември 1722 – 9 ноември 1794) бил украински[1][2][3][4][5][6][7][8][9][10][11][12][13][14] филозоф, поет, наставник и композитор. Тој живеел во Руската Империја и дал голем придонес во руската филозофија и култура.[15][16][17] Бидејќи Украина била дел од Руската Империја во тоа време, тој се идентификувал со украинскиот народ и правел разлика меѓу народот во Украина и народот во Русија и го критикувал руското влијание во неговата татковина.[18] Скоровода бил исто така значаен за руската култура и развојот на руската филозофска мисла и затоа често се смета за „руски Сократ“.[19]

Биографија[уреди]

Скоровода бил роден во мало украинско козачко семејство во селото Чорнухи[20], тогаш во Руската Империја во 1722. Тој бил студент на Киевско-мохилската Академија (1734–1741, 1744–1745, 1751–1753), но не ги завршил своите студии. Во 1741, на 19 годишна возраст тој бил испратен во Москва и Санкт Петерсбург да пее во кралскиот хор. Во Киев се вратил во 1744 година. Од 1745 до 1750 бил во Унгарија и се смета дека патувал низ Европа за време на овој период. Во 1750 се вратил во Украина каде предавал поезија во Перејаслав од 1750 до 1751 година. Од 1753 до 1759 година тој бил тутор во едно семејство во Коврај. Од 1759 до 1769 предавал поезја, синтакса, грчки и етика на Харковиот Колегиум. Тој престанал со предавање во 1769.

Тој е познат како композитор на литургиска музија, како и голем број песни. Некои од неговите песни станале украински народи песни. При крајот на својот живот тој патувал низ Украина. Неговиот последен период е значаен по неговите филозофски дела. Тој исто така пишувал поезија и писма на украински јазик, а преведувал на латински и грчки.

Смрт[уреди]

Три дена пред да умре, тој отишол кај негов близок пријател и му рекол дека дошол за да остане постојано. Секој ден станувал рано и ја напуштал куќата со лопата и на крај се увидело дека тој три дена поминал копајќи си го својот гроб. На третиот ден, тој вечерал, станал и рекол „моето време дојде“. Отишол во соседната соба, легнал и умрел. Тој посакал следниот епитаф да биде испишан на неговиот гроб:

Светот проба да ме дофати, но не успеа.

Наводи[уреди]

  1. Wilhelm Goerdt, Russische Philosophie: Zugänge und Durchblicke (Freiburg: Verlag Karl Arber, 1984). See also a "Review" of this work in: Studies in Soviet Thought 30 (1985) 73.
  2. Konrad Onasch, Grundzüge der russischen Kirchengeschichte(Göttingen: Hubert & Co, 1967), vol. 3, p. 110. See also on-line version
  3. (руски) G.S. Skovoroda in History of Russian Culture by Aleksei Losev.
  4. (руски) Skorovoda`s biography on diclib.com
  5. „Hryhorij Savyč Skovoroda: An Anthology of Critical Articles“. CIUS Press. http://www.ciuspress.com/catalogue/Philosophy/98/Hryhorij-Savyc-Skovoroda:-An-Anthology-of-Critical-Articles. конс. 2 мај 2011. 
  6. „Skovoroda Institute of Philosophy“. Hantula.net. http://www.hantula.net/skovoroda/Institut.html. конс. 2 мај 2011. 
  7. Valery Belous. „Skovoroda Grigory Savvitch“. Kharkov.vbelous.net. http://kharkov.vbelous.net/english/skovorod.htm. конс. 2 мај 2011. 
  8. http://skovoroda.eu/
  9. . 
  10. „Hryhorij Savyc Skovoroda: An Anthology of Critical Articles [CIUS Book of the Month]“. Brama.com. http://www.brama.com/news/press/030603cius.html. конс. 2 мај 2011. 
  11. „Skovoroda, Hryhorii“. Encyclopediaofukraine.com. http://www.encyclopediaofukraine.com/pages/S/K/SkovorodaHryhorii.htm. конс. 2 мај 2011. 
  12. „Victoria Gaidenko, Khmelnitskiy Humanities and Pedagogic Institute, Ukraine“. Aatseel.org. http://aatseel.org/100111/pdf/program/2004/abstracts/Gaidenko.htm. конс. 2 мај 2011. 
  13. „Welcome to Ukraine“. Wumag.kiev.ua. http://www.wumag.kiev.ua/index2.php?param=pgs20073/28. конс. 2 мај 2011. 
  14. „Розділи журналу :: Інститут Українознавства“. Ualogos.kiev.ua. http://www.ualogos.kiev.ua/category.html?category=11&number=69. конс. 2 мај 2011. 
  15. „Лосев А. Г. С. Сковорода в истории русской культуры“. Gumer.info. http://www.gumer.info/bibliotek_Buks/Culture/Losev/skovor.php. конс. 2 мај 2011. 
  16. (руски) Article in the online encyclopedia Krugosvet
  17. „СКОВОРОДА, ГРИГОРИЙ САВВИЧ / (1722-1794), русский и украинский философ, поэт, педагог. Родился“. Diclib.com. http://www.diclib.com/cgi-bin/d1.cgi?l=ru&base=colier&page=showid&id=9674. конс. 2 мај 2011. 
  18. Stephen P. Scherer. (1994). Skovoroda and Society. In Hryhorij Savyč Skovoroda: an anthology of critical articles edited by Richard H. Marshall, Thomas E. Bird. University of Alberta, Canadian Institute of Ukrainian Studies, pp.63-65. One of several examples written by Skovoroda: "The hunter does not sleep. Be alert. Carelessness is the mother of misfortune...indeed Great Russia considers all of Little Russia as so many grouse."
  19. И. И. Кальной, Ю. А. Сандулов. Философия для аспирантов. От философии сродности до философии общего дела, от монолога к диалогу
  20. Указ об учреждении губерний и о росписании к ним городов, Электронная библиотека Исторического факультета МГУ им. М. В. Ломоносова

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]