Грефенхајнихен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Грефенхајнихен
Црква Света Богородица
Црква Света Богородица
Грбот на Грефенхајнихен
Грефенхајнихен во рамките на Германија
Грефенхајнихен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Градоначалник Хари Русбилт (Левица)
Основни податоци
Површина 159 km2 (61 sq mi)
Надм. височина 90 m  (295 ft)
Население 13.543  (31 декември 2009)
 - Густина 85 /km2 (221 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06773
Повик. бр. 034953
Мреж. место www.graefenhainichen.de
Местоположбата на град Грефенхајнихен во рамките на округот Витенберг
Карта

51°43′0″N 12°26′0″E / 51.716667°N 12.433333°E / 51.716667; 12.433333

Грефенхајнихен (германски: Gräfenhainichen) е град во округот Витенберг во Саксонија-Анхалт, Германија.

Содржина

[уреди] Локација

Градот бил седиште на канцелариите на заедницата на општини Тор цур Дибенер Хајде додека не била распуштена во јануари 2011. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од Лутерштат Витенберг, југоисточно од Десау и североисточно од Битерфелд, на работ на природниот парк Дибенер Хајде.

Близу се наоѓа езерото Гремин, езеро создадено како резултат на повторното оплеменување на просторот на некогашните јагленокопи Голпа-Норд и на чии брегови е поставен Ferropolis („Железниот град“), индустриски споменик, всушност музеј посевн на „индустриската култура“.

[уреди] Историја

Грефенхајнихен бил првпат споменат во 1254. Во 1454, Грефенхајнихен ги потврдил градските права, откако старите документи во кои му се доделени градски права изгореле во пожар. Во 1637, во текот на Триесетгодишната војна, градот бил скоро целосно уништен од Швеѓаните. Во 1859, во градот била поставена новата железничка линија помеѓу Витенберг и Битерфелд. Поволната локација на градот дозволила да се развие индустрија. Првата печатарска продавница била отворена во 1874; до 1990, постојат најмалку четири принтерски продавници во Грефенхајнихен. До 1890, бил ископуван кафен јаглен во Грефенхајнихен, најпрвин под земја, а потоа и во јагленокопи. Во 1954, во тоа време градот бил во Источна Германија, Грефенхајнихен станал окружно седиште (Kreisstadt) на три града и 27 општини. Ова траело до 1994, четири години по реобединувањето на Германија.

[уреди] Грб

Моменталниот градски граѓански грб бил доделен на 17 фекември 1993. Најстариот градски печат потекнува од 1477 и моменталниот грб се заснова на тој. Кулата стои поради стариот утврден град, заедно со лавот, кои ознаки на грбот на Мајсен, кој потекнува од 1377 кога грофот од Мајсен станал лорд на локалното население. До 1993, грбот на Грефенхајнихен бил со сличен дизајн, но со различни хералдички елементи и со различни бои. Стариот грб бил предоминантно црвен.[1]

[уреди] Меѓународни односи

Грефенхајнихен одржува партнерства со следниве градови:

[уреди] Сообраќај

Грефенхајнихен се наоѓа на сојузниот автопат Bundesstraße, B 107, кој води од Бад Дибен до Косвиг, на B 100 од Витенберг до Битерфелд и ина покраинскиот пат Landesstraße L136 до Цшорневиц.

Раскрсницата Dessau-Ost на автопатот A9 (Минхен - Берлин) е околу 17 километри оддалечена.

Железничката станица Грефенхајнихен се наоѓа на линијата на Deutsche Bahn помеѓу Витенберг и Битерфелд.

[уреди] Луѓе

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици