Гренландска ајкула-спијач
Од Википедија, слободната енциклопедија
Тромавата гренланска ајкула-спијач (Somniosus microcephalus) има тешко, валчесто тело, кое обично е кафеаво или сино. Има кратка, тркалезна муцка и две еднакво големи грбни перки. Освен што се храни со разновиден жив плен како риби, морски птици и фоки, оваа ајкула е и мршојадец и често јаде пцовисани китови и удавени копнени животни како собови. Додека таа лови фоки, може да се фати на јадица низ дупките во ледот. Но нејзиното месо е отровно, па мора да се провари пред да се јаде.