Грб на Соединетите Американски Држави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на САД
Подробно
Усвоен1782
Мото"Annuit Cœptis" (Ги Поддржа Нашите Почетоци), "Novus Ordo Seclorum" (Нов Светски Поредок), "e pluribus unum" (еден од многуте)

Грбот на САД поседува своја предна и задна страна. Почесто се користи предната страна како симбол на САД на пасошите, амбасадите, воените обележја и разни знамиња. На банкнотите на Американскиот долар се користат двете страни на грбот. Грбот првпат е користен во 1782.

Предна страна[уреди | уреди извор]

На предната страна се наоѓа белоглав орел со раширени крилја, кој во едната канџа држи тринаесет стрели, додека пак во другата канџа држи маслинови гранки кои заедно претставуваат дека САД има желба за мир, но и дека секогаш ќе биде спремен за војна. Орелот во клунот го држи натписот "e pluribus unum" (еден од многуте). Над главата на орелот се наоѓаат тринаесет ѕвезди кои се поставени во формацијата 1-4-3-4-1. На средината се наоѓа знаменце со тринаесет вертикално поставени линии (црвени и бели) коишто ги претставуваат Соединетите Американски Држави.

Задна страна[уреди | уреди извор]

Задната страна на грбот

На задната страна се наоѓа „недовршена“ пирамида која што го има „окото што гледа се“ наместо врв. Во дното на пирамидата е напишана годината MDCCLXXVI (1776). Над пирамидата се наоѓа натписот "Annuit Cœptis" (Ги Поддржа Нашите Почетоци), додека пак од левата страна се наоѓа натписот "Novus Ordo Seclorum" (Нов Светски Поредок).

Повторување на бројот тринаесет[уреди | уреди извор]

Бројот тринаесет се појавува на повеќе места на грбот, што ги претставува тринаесетте првобитни колонии. А тие се:

  • 13 ѕвезди во круг над орелот
  • 13 траки во средината на грбот
  • 13 стрли во канџите на орелот
  • 13 Букви во поимите "e pluribus unum" i "annuit coeptis"
  • 13 список на маслиновото гранче
  • 13 маслинки на маслиновото гранче
  • 13 слоеви на цигли на пирамидата
  • 13 страници на траката со поимот "novus ordo seclorum"
  • 13 црвено бели полиња на знамето на Америка.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]