Грб на Отоманската Империја
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Поради својот исламски карактер Отоманската Империја немала грбови или хералдичка традиција. Наместо грб, секој султан на Отоманската Империја имал личен монограм или печат, кој се нарекувал тура и служел како грб, по примерот на голем број на европски монарси. Дури во 19 век, во времето на Танзиматот и обидите за модернизација на земјата, империјата добила официјален грб. Конечната верзија на отоманскиот грб била одобрена од страна на султанот Абдул Хамид II на 17 април 1882 година.
Грбот на Отоманската Империја се состоел од три елементи: знамето на Отоманската династија, кое е со црвена боја со бела полумесечина, халифското знаме кое има зелена боја со три полумесечини, и најгоре се наоѓа златно сонце повторно со зелена полумесечина. Во него се наоѓа турата на султанот.

