Грб на Белизе

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Белизе
Coat of arms of Belize.svg
Подробно
Грбоносец Белизе
Усвоен 1981
Штит Штитот е поделен на три дела, на кои има приказ на весла, алати за сечење дрва и брод.
Држачи Дрвосечачи
Мото „Sub Umbra Floreo“

Грбот на Белизе е усвоен по независноста на земјата, и малку се разликува од оној грб кој што бил од времето на британските власти во Белизе.

Кружната граница на грбот ја сочинуваат 25 листа. Во овој круг се наоѓа дрвото махагони, пред кое што се наоѓа штитот. На штитот, во горните четвртини се наоѓа весло и алати за сечење на дрво, а брод во долниот дел. Овие се симболи за значењето на дрвото махагонија и неговата употреба во бродоизградбата.

Држачи на штитот се двајца дрвосечачи од различна раса. Дрвосечачот од левата страна држи секира, а оној на десната весло, што повторно го прикажува значењето и бродоизградбата.

На дното е напишано националното мото, а грбот го сочинува главниот дел на Знамето на Белизе

Поврзано[уреди]