Гратис гушкање

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Проектот „Гратис Гушкање„ на невладината „Млади за Љубов“

Проектот „Гратис Гушкање“ е проект на невладината организација „Млади за Љубов“. Овој проект започнал на јуни 2004 година[1] со цел да ја спроведе светската кампања „Гратис Гушкање“. Својата популарност ја добил во 2006 година благодарение на еден видео клип, кој бил распространен на YouTube. Видео-клипот бил пуштен на 22 септември 2006 година. Според насловот, тој бил направен во Сиднеј, Австралија. Главниот херој, кој раздава прегратки бил идентифициран со псевдонимот Хуан Ман[2] оди по улица Пит Стрит Мол и носи плаката на која пишува FREE HUGS. Музиката од клипот е на Sick Puppies, австралиска група.

Кампањата „Гратис Гушкање“ се смета за најголемото социјално движење во светот, која за првпат беше спроведена во Сиднеј, Австралија од страна на Хуан Ман, на кој подоцна му се приклучија голем број невладини организации од целиот свет и допринесоа за голем број на хуманитарни проекти во светски рамки.

Оваа кампања претставува симболичен амбасадор на планетарната љубов. Која верува во моќта на директниот контакт , во моќта на љубовта и прегратката. Се со цел да биде изграден свет со повеќе љубов за идните генерации. Концептот е базиран на тимска работа , на еден синкретизам , а кој тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето“ ќе вроди сензационален пораст кој не е случајност , туку логички резултат на правилни одлуки , храбра визија и иновативни солуции ориентирани кон иднината. Луѓето се насмевнуваат на незаборавни искуства кои се темелат на комплетно разбирање и задоволување на нивните емоции.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Гушкачите што гушкаат во Скопје


Цели[уреди]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Најмилите за гушкање се дечињата
Целни Групи
граѓанско општество и демократизација
човекови права
здравство
социјално-хуманитарна работа
екологија

Активности во Македонија[уреди]

2008 година[уреди]

  • Спроведување на кампањата во главниот град на Македонија, Скопје и пошироко
  • „Преку гушкање не се пренесува ХИВ/СИДА, преку гушкање се покажува љубов“ – видео запис за борба против сида .
  • Гратис Гушкање во кампањата за борба против ХИВ/СИДА
  • Хуманитарна акција „Несакам поклон , ве сакам ВАС“ спроведена во кафе барот „Бариста“ со цел да се соберат средства за децата од школото П.О.У. „Климент Охридски“ Струмица
  • Хуманитарна акција „Помош за малата Мила“ , Акција за помагање на малата Мила Спасова која изврши операција на очите за да и се спаси видот.

2009 година[уреди]

  • Дел од светскиот марш за мир и толеранција во светот заедно со „Младите Можат“
  • Организирање на 20 хуманитарни забави
  • Помош за Никола Маџовски – „ Да помогнеме преку Забава“
  • Помош за Ангел Костовски – „Помогни преку Игра“
  • Собирање средства за Филип Величковски, Мартина Димитрова, Моника Илковска, Гордана Јовановска, Александар Ангелески, Дејан Ангелески, Игор Трајковски, Наташа Галевска, Ива Миленкович.
  • „Гратис Гушкање“ дел од „Y-Peer“ мрежата.

2010 година[уреди]

  • Спроведување на кампањата во главниот град на Македонија, Скопје осум пати во годината.
  • Гушкање на Бебе Саем (23-25.04)
  • Хуманитарна забаваХуманоста на Јоце не познава граници (12.11)
  • Хуманитарна забава „Тоше Караоке“ организирано задно со фановите на Тоше Проески (13.11)
  • Хуманитарна акција „Новогодишни поклони , Новогодишни прегратки“ , собирање на финансии и поклони за децата со посебни потреби од училиштетп П.О.У. „Златен Сремец“(25.12)
  • Хуманитарна забава „Тоше Караоке“ за Јовица Блажевски организирано задно со фановите на Тоше Проески (28.12)

2011 година[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Hugs and smiles, but not everyone embraces the trend, Sydney Morning Herald, 6 ноември 2004
  2. Free hugs priceless in a culture of violence, Karen Brooks, news.com.au, 4 октомври 2006

Надворешни врски[уреди]