Град (Делчевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Град

Панорама на селото Град

Град во рамките на Македонија
Град
Местоположба на Град во Македонија
Град на карта

Карта

Координати 41°55′59″N 22°51′0″E / 41.93306° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.93306; 22.85000Координати: 41°55′59″N 22°51′0″E / 41.93306° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.93306; 22.85000
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 355 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09006
Надм. вис. 700 м
Град на општинската карта

Атарот на Град во рамките на општината
Град на Ризницата

Град — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на дел од селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига на западната падина на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.[2]

Атарот е голем и зафаќа простор од 27 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.142,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1041,1 хектар, а на пасиштата 356,3 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Град било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 9 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.178—    
19531.347+14.3%
1961899−33.3%
1971827−8.0%
1981801−3.1%
ГодинаНас.±%
1991678−15.4%
1994696+2.7%
2002534−23.3%
2021355−33.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Град имало 590 жители, од кои 560 муслимани и 30 православни.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Град имало 40 жители.[5]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Град имало 664 жители Македонци, од кои 563 муслимани и 101 православен.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 450 Турци.[7]

Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 899 жители, од кои 850 биле Македонци, а 49 Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 696 жители, од кои 679 биле Македонци, а 14 жители Турци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Град живееле 534 жители, од кои 518 Македонци, 15 Турци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 295 Македонци, 1 Албанец, 9 Турци, 5 останати и 45 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 590 40 1.178 1.347 899 827 801 678 696 534 355
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Град се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0585 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 471 гласач.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 463 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Тврдината „Градиште“ над селото
Археолошки наоѓалишта
Цркви[18]
Пештери

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 83. Посетено на 7 јули 2018.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 839.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јули 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „ОУ „Св. Климент Охридски" - Делчево“. Архивирано од изворникот на 2019-03-21. Посетено на 8 јули 2018.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 7 јули 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Посетено на 7 јули 2018.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]