Градиште - Брежине

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште - Брежине

Карта

Местоположба 41°55′54″N 21°0′47″E / 41.93167° СГШ; 21.01306° ИГД / 41.93167; 21.01306Координати: 41°55′54″N 21°0′47″E / 41.93167° СГШ; 21.01306° ИГД / 41.93167; 21.01306
Основни податоци
Место Челопек (Тетовско)
Општина Брвеница
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште - Брежинеархеолошко наоѓалиште во тетовското село Челопек. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа источно од селото, на падините на Сува Гора, каде при обработувањето на земјата се откриени темели од повеќе објекти, а на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во непосредната близина се откриени и гробови. Од ова наоѓалиште потекнува еден надгробен споменик што се чува во Музејот на тетовскиот крај.[1] Тука е пронајдена бронзена статуетка на богот Меркур (Хермес).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание наМАНУ, Скопје, Македонија.
  2. „Во Полог живееле Бригите“ (PDF). Македонско Сонце. 25 април 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-16. Посетено на 2011-01-28.

Поврзано[уреди | уреди извор]