Градба на животинска клетка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Структура на животинската клетка

Животинската клетка е исградена од:

  • Јадро
Јадрото го има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадренаобвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетскатаинформација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.
  • Kлеточна мембрана
Клеточната мембрана(празмалема) ја одделуваат цитоплазмата од надворешната средина (едноклеточни организми) или од нејзината внатрешна средина (многуклеточни организми), таа претставува повеќе од пасивна бариера. Преку неа се одвива транспортот на претходно селектирани материи, а тоа е резултат на нејзината градба и на различна концентрација на материи од двете страни. Преку неа се воспоставува контактот со соседните клетки кој е неопходен за зачувување на интегритетот на организмот. Течниот дел од цитоплазмата во кои се растворени голем број минерални материи се вика цитозол. Делот од цитоплазмата непосредно под клеточната мембрана е изграден од мрежа микрофиламенти(тенки нишки) и се нарекува кортекс или ектоплазма. Таа има желатинозна конзистенција и на клеточната мембрана и ја дава потребната цврстина. Додека делот од цитоплазмата меѓу кортексот и мембраната на јадрото се вика ендоплазма.
  • Цитоплазма
Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода иминерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестатаструктура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршатживотните процеси. Цитоплазмата заедно со јадрото ја сочинуваат протоплазмата на клетката.

Клеточни органели[уреди | уреди извор]

  • Ендоплазматичен ретикулум

Тој претставува комплекс од меѓусебно поврзани мембрани во тубули, цистерни и везикули, создавајќи мрежа во цитоплазмата, која со едниот крај е поврзана со јадрената мембрана, а со другиот со клеточната мембрана. Доколку на надворешната страна на ендоплазматичниот ретикулум се наоѓаат рибозоми, ваквиот ендоплазматичен ретикулум се вика грануларен (зрнест), тој е вклучен во процесите на синтеза на белковините. За разлика од него, агрануларниот (мазен) ендоплазматичен ретикулум на својата површина нема рибозоми и учествува во синтезата на мастите.

  • Рибозоми

Потекнуваат од малите јадренца, а потоа низ јадрените пори доаѓаат во цитоплазмата и се сврзуваат за мембраните за ендоплазматичниот ретикулум хлоропластите и Голџиевиот комплекс.
Рибозомите се составени од две компоненти и тоа : мала и голема. Нив ги поврзува молекула на и-РНК (информативна). На и-РНК рибозомите се групирани во формации наречени полирибозоми или полизоми.

  • Голџиев комплекс (систем)

Изграден е од повеќе мембрани, нееднакво дебели и делумно свиткани, наречени диктиозоми.
Секој диктиозом е изграден од сплескани торбички, наречени сакули поставени една врз друга и меѓусебно поврзани. Материите што се синтетизираат во клетките преку ендоплазматичниот ретикулум доаѓаат во секулите на голџиевиот комплекс, тука се доработуваат и во форма на везикули се ослободуваат во цитозолот, и се движат кон површината на клеточната мембрана. Оваа појава се нарекува секреција и е најмногу изразена кај жлездните клетки.

  • Лизозоми

Потекнуваат од грчки lizis= разградување и soma = тело.
Претставуваат дигестивен клеточен систем, водат потекло од Голџиевиот комплекс од каде што се ослободуваат во форма на везикули, обложени со липобелковинска мембрана, и исполнети со голем број ситни гранули. Овие гранули претставуваат белковински агрегати од хидролитички ензими со чија помош се разградуваат егзогено внесените материјали (хетерофагија). Специфично вградената мембрана го оневозможива излевањето на ензимите во внатрешноста на клетката. Доколку сепак дојде до тоа, клетката ќе биде изложена на автолиза (саморазградување).

  • Центрозоми (центриоли)

Имаат цилиндрична форма и ѕид изграден од 9 групи од по 3 микротубули. Учествуваат во создавањето на делбеното вретено што се формира за време на делбата на јадрото. Покажуваат слична градба со т.н. базални телца, присутни во основата на клетките и камшичињата кај едноклеточните организми и управуваат со нивното движење.

  • Митохондри

Уште се нарекуваат и „клеточни енергетски централи“. без нивна помош клетките не би можеле да произведат доволно количество енергија за врпење значајни процеси во клетките. Изградени се од двојна липобелковинска мембрана:надворешна-мазна и внатрешна-рапава, која во внатрешната содржина на митохондриската матрица образуваат набори наречени гребени или кристи. На кристите се наоѓаат Ф1 партикули(оксиозоми АТП-озоми) во кои се синтетизираат ензими што учествуваат во клеточното дишење. Митохондрите имаат способност за самообновување, бидејќи содржат нуклеинска киселина ДНК, слична на онаа во клеточното јадро.

Митохондри
  • Микротубули

Ѕидот на микротубулите е изграден од топчести молекули на белковината тубули, распоредени во 13 надолжни реда во круг и на тој начин формираат долг, шуплив цилиндар. Заради својата релативно константна форма, заедно со миофиламентите го сочинуваат цитоскелетот. Микротубулите учествуваат и во градбата на делбеното вретено, трепките и камшичињата и управуваат со нив.

  • Цитозом

Цитозомите или се органели својствени за животинските и растителните клетки. Тие се субмикроскопски структури кои можат да имаат јајцевиден, сферен или друг неправилен облик со единечна мембрана и матрица. Во матрицата на цитозомите често доааѓаат аморфни нуклеоиди и кристални инклузии.
Се делат на:

  1. пероксизом
Тие се наоѓаат во клетките на асимилациониот паренхим на листот. Содржат ензими кој учествуваат во разградувањето на водородниот пероксид, од каде и доаѓа името пероксизоми.
  1. глиоксизом
Ги има кај семиња што содржат резервни материи (рицинус, сончоглед и др.)

Во нив се наоѓаат ензими кој за време на 'ртењето и растењето на никулецот имаат важна улога во хидролиза на масните матери, односно преопразувањето на липидите до јаглехидрати.

  • Трепки и камшичиња

Присутни се кај одреден тип растителни и ќивотински клетки. Претставуваат израстоци од површината на клеточната мембрана. По својата градба се слични со центрозомите, но за разлика од нив во својата градба имаат 9 групи по 2 2 микротубули, а 10 група е поставена централно. Трепките и камшичињата управуваат со движењето на едноклеточните организми и со половите машки клетки-сперматозоиди. Освен тоа, се наоѓаат и на епителните клетки од дишните патишта кај човекот, придвижувајќи го секретот кон надвор, истовремено не дозволуваат навлегување на поголеми честички прав и на бактерии во белите дробови.

Поврзано[уреди | уреди извор]