Готен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Готен
планина
Поглед на Готен
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Грамадник
 - височина 1.420 м

Готен — средновисока планина во Источна Македонија којашто ѝ припаѓа на Родопската зона. Највисок врв е Грамадник на надморска височина од 1.420 м.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Планината се наоѓа помеѓу планините Огражден на исток и Плачковица на запад. Од Плачковица е одвоена со долината на Смилјанска Река, а од Огражден со длабоката клисура на Нивичанска Река. Помеѓу овие две речни долини се протега билото на Готен, на кое се издвојуваат врвовите: Грамадник (1.420 м), Аџи Чука (1.299 м) и Калбак Даши (1.178 м). Кон југ постепено се спушта во дното на Радовишката Котлина. Во подножјето на јужната падина се наоѓаат селата: Јаргулица, Покрајчево и Злеово.

Историски настани[уреди | уреди извор]

На 6 април 1903 година, на планината се водела битката кај Готен, која била една од најголемите битки на Македонската револуционерна организација пред Илинденското востание на територијата на Македонија.

Спортски туризам[уреди | уреди извор]

Во реонот на планината се наоѓа ловиштето „Џами Тепе”.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°38′52″N 22°38′56″E / 41.64778° СГШ; 22.64889° ИГД / 41.64778; 22.64889