Готвач (слуга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Готвачот е член на куќниот персонал одговорен за припремање на храна. Изразот се користи и за главата на кујнскиот персонал во кај големи домаќинства или за готвачот-домаќин, многу помалку престижна работа со повеќе мануелни задачи.

Традиционално готвачот во големите домаќинства била жена; денес на тоа работно место се вработуваат главни кувари или шефови на сала кои можат да бидат од било кој пол.

Готвачот е одговорен за припрема на оброци и менија, како и за менија за забави и други посебни прилики. Тој е исто така одговорен за вршење нарачки на продукти, одржување на кујната и водење сметки со локалните трговци. Готвачот дава отчет директно на господарката или понекогаш на домаќинот.

Готвачот има за задача и го надгледува кујнскиот персонал.

Во хиерархијата на куќната послуга, готвачот си ја заработувал позицијата со чиракување, веројатно почнувајќи како Кујнска помошничка.

Денешните готвачи неретко ги менуваат своите работодавачи и посетуваат школа за готвење. Само малкумина современи семејства можат да си дозволат големи групи на слуги, така што готвачот е и домаќин (слуга) (Готвач-домаќин), кој е истовремено и чистач.