Госпоѓа на судбината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Госпоѓа на судбината
Лого
Жанрдрама, теленовела
Создадена одАгиналдо Силва
УлогиСузана Виеира
Каролина Диекман
Рената Сора
Хосе Вилкер
Воведна темаEncontros e despedidas, Maria Rita
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди180
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување28 јуни 2004 – 12 март 2005
Хронологија
СледбеникАмерика (2005)
Надворешни врски
Мрежна страницаredeglobo.globo.com/Senhoradodestino/0,23167,3545,00.html

Госпоѓа на судбината (португалски: Senhora do Destino), е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2004 / 2005 година, со 221 епизода за бразилско население, и 180 епизоди за национално ниво. Првата епизода во Бразил имала гледаност од 51% а последната епизода од 60% од населението.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Поради тешкотиите на одгледување на своите мали деца, младата Марија до Кармо Фереира Силва го остава малиот град Балем во внатрешноста на Перханбуко и заминува во голем град спремна каде што очекува да најде подобри услови за живот за своите мали бунтовници. Кога ќе стигне во Рио да Жанеиро, девојката го наоѓа градот на работ на хаосот и апокалипска. Беше тоа декемвеи 1968, и Владата издава нов институционален акт. Во цел тој метеж, Марија до Кармо не успева да го пронајди братот Себастијан, својот единствен контакт во големиот град. Единтсвената душа која ќе и помогне и покаже солидарност, на крајот се претпоставува дека е криминалец која и ја краде нејзината мала ќерка и исчезнува некаде во светот. Лурдес – името со кое таа жена се претставила, е облечена како трудна болничарка, која во реалноста е психопатка под името Назаре и одлучила да украде дете како би го измамила нејзиниот иден маж и да го увери дека тоа дете е плод на нивната турбулентна врска. Маријана малата ќерка на Линдалва, пораснала во рацете на опасната Назаре, и добива ново име – Изабел. Поради болката за детето, Марија до Кармо паѓа во тешка криза. Завршува во затвор за оптужба дека е опасна агитаторка. Во затворот ќе запозне личност која ќе и го промени животот. Таа личност се вика Дирцеу до Кастро, кој го познава нејзиниот брат Себастијан. Двајцата работеле во ист весник и така се познаваат. После што се ослободуваат неспоразумите, Марија успева да го пронајде брат и и да ги врати своите деца кои за малку не завршиле во сиропиталиште. Единствено не може да ја пронајде Линдалва. После неколку години, се враќаме во сегашното време. После сите бурни настани во текот на 60те, Марија до Кармо сега е друга личност. Таа се променила и се е најдобро. Научила да живее и да ги искористи животните прилики. Не е богата, но има доста пари. Фабриката која и е создадена напредува со полна пареа. Нејзините 4 сина, Региналдо, Леандро, Вириато и Плинио сега се веќе големи момци. За тоа време, Линдалва или подобро кажано Изабел живее во мирен живот со нејзината полумајка Назаре. Меѓутоа, девојката е жртва на злобната жена која ја употребила девојакта, како би се венчала со Хосе Карлос Тедеско, добар човек кој не ни помислува дека таа го измамила. Се случува мистериозен и непредвиден настан: Хосе Карлос успева да ја открие измамата на неговата жена, но пред што оде да ја праша неа, тој е убиен. Го убила Назаре. Младата Клаудија почнува да истражува и да ги открива фактите кои ги соединуваа нејзиниот татко и злобната маќеа, и полека ги дознава болните мистерии на животот на Назаре и измамата која и ја приредила во животот на Марија до Кармо.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Сузана Виеира Марија до Кармо Фереира да Силва
Каролина Диекман Изабел Тедеско / Линдалва Фереира да Силва
Рената Сора Марија де Назаре
Хосе Вилкер Џовани Импрота
Хосе Мајер Дирцеу де Кастро
Едуардо Московис Региналдо Фереира да Силва
Летисија Спилер Вивиен Фонтес Вијана

Госпоѓа на судбината на Балканот[уреди | уреди извор]

Бугарија: ТВ7
Словенија: ПОП ТВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]