Господин Бин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Rowan Atkinson and Manneken Pis.jpg

Господинот Бин (Mr. Bean; анг. bean - грав), улога на Роуан Аткинсон, е еден од најпознатите карактери во светската комедија[1]. Тој е себичен, анархист, малоумен кој секојдневните работи ги извршува на необичен и смешен начин. Живее во мала куќа во Хајбури, Лондон и секогаш е облечен исто (со црвена граватa и твид џакето), има тенок глас и според филмот од 1997 „Бин“[2] тој е чувар во галерија за уметност. Никогаш не може озбилно да свати некоја работа и не ги познава аспектите на животот. На почетокот на секоја епизода од истоимената серија филмови во шпицата е пуштена музиката „Ecce homo qui est faba“ (Човекот кој е грав) и тогаш господин Бин паѓа од небото што сугерира дека тој е вонземјанин. Со него се снимени два долгометражни филмови: „Бин“ и „Одморот на Господин Бин“, една телевизиска серија (14 епизоди) и една анимирана телевизиска серија.

Референци[уреди]