Горно Фалише

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Фалише

Поглед кон црквата „Св. Атанасиј“, единствен преостанат објект од селото.

Горно Фалише во рамките на Македонија
Горно Фалише
Местоположба на Горно Фалише во Македонија
Горно Фалише на карта

Карта

Координати 41°52′20″N 20°58′19″E / 41.87222° СГШ; 20.97194° ИГД / 41.87222; 20.97194Координати: 41°52′20″N 20°58′19″E / 41.87222° СГШ; 20.97194° ИГД / 41.87222; 20.97194
Регион Полошки
Општина  Брвеница
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Горно Фалише на општинската карта

Атарот на Горно Фалише во рамките на општината
Горно Фалише на Ризницата

Горно Фалише — историско село, сместено во срцето на Горни Полог на територијата на денешните граници на Општина Брвеница.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во XV век под името Горно Хвалишта. Во 1461 или 1462 година се споменува селото за патот кој „поминува од Горно Фалише за Пиргос (денешен Пирок).[2] К`нчов во последната деценија на XIX век кога ја посетил Македонија, опишал дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а веќе во 1890 опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни [3] Последните жители кои го напуштиле селото се пресиле во соседното Радиовце, и од тамошната црква го донеле сребрениот крст, со кој денес се осветуваат водите за Водици и поради тоа селото има 2 крста.

Денес од селото нема никакви остатоци, освен Црква „Св. Атанасиј“, која денес ја одржуваат луѓе од селото Стенче, а додека стариот селски атар целосно е вметнат во стенчанскиот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Г. Елезовић, Турски извори за нашу историју, бр.11, срт. 130, 132
  3. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил К’нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100

Надворешни врски[уреди | уреди извор]