Горна Црква (Вардино)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Црква

Карта

Местоположба 41°14′08″N 21°14′33″E / 41.23556° СГШ; 21.24250° ИГД / 41.23556; 21.24250Координати: 41°14′08″N 21°14′33″E / 41.23556° СГШ; 21.24250° ИГД / 41.23556; 21.24250
Основни податоци
Место Вардино
Општина Демир Хисар
Тип

 населба  црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Горна Цркваархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вардино. Претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 500 м источно од селото, на падините на селскиот рид. Видливи се остатоци од срушена црква околу која има гробови градени од камени плочи со насоченост исток-запад. Црквата има димензии од 15 × 8 м и е ѕидана од кршен камен и варов малтер. Во апсидата, на местото на чесната трпеза има дел од вертикално поставен мермерен столб. Наоѓалиштето зафаќа површина од околу 1 хектар.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069