Горицко

Координати: 40°38.56′N 21°32.8′E / 40.64267° СГШ; 21.5467° ИГД / 40.64267; 21.5467
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горицко
Αγραπιδιές
Горицко is located in Грција
Горицко
Горицко
Местоположба во областа
Горицко во рамките на Суровичево (општина)
Горицко
Местоположба на Горицко во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°38.56′N 21°32.8′E / 40.64267° СГШ; 21.5467° ИГД / 40.64267; 21.5467
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаАјтос
Надм. вис.&10000000000000660000000660 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно120
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горицко или Горенци (грчки: Αγραπιδιές, Аграпидиес или Αγραπιδια, Аграпидија; до 1926 г. Γκόρισκο, Гориско[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 120 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, 48 км јужно од Лерин и 1 км западно од Ајтос. Лежи во подножјето на ридот Радош од Невешка Планина, разгранок на Вич (Нередска). Сместено е долж главниот пат од Суровичево за Костур.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Горицко е старо македонско село кое според преданието било обиколено со диви круши (горници). Во XIX век било претворено во чифлик и Македонците почнале постепено да го напуштаат, а на нивно место се населиле Турци.[3] Во селото се гледаат остатоците од старата македонска црква „Св. Харалампиј“. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горицка (Goritzka) било село кое се состоело од 35 домаќинства со вкупно 85 жители Македонци.[4][5] Во следниот период селото е веќе забележано како турско. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Горицко:

Во подножјето на истата планина [Невешка], на крајот од рибното езеро Бламбур, на чиј брег расте трска, е сместено селото Икориска со 15 муслимански куќи. Данокот на ова село е 1.750 пијастри. Околината е планинска.[6]

На крајот од XIX век Ѓорче Петров го завел селото како турско, со 20 куќи.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горенци имало 100 жители Турци и 35 жители Роми.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Горицко имало 25 турски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 114 жители. Во 1920 г. тука живееле 162 лица.[3] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд и Тракија. Така, во 1928 г. Горицко е забележано како чисто дојденско село со 82 жители од 12 семејства.[8] Во 1926 г. е преименувано во Аграпидија.[2]

Во 1940 г. во селото живееле 190 жители, а истиот број е заведен и во 1951 г. Иако делумно настрадало во Граѓанската војна, селото не се ратурило, туку се зголемило поради доселување на извесен број колонисти од Епир, па во 1961 г. се зголемило на 219 жители.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 190 190 219 200 180 255 250 120
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се произведуваат претежно компири и жито.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 147.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
  6. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 153.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 250. ISBN 954430424X.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.