Горен и долен индекс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пример на долен индекс и горен индекс. Големината на долниот индекс е приближно 62% од големината на оригналниот карактер и спуштен за 16%. Горниот индекс е приближно 60% од големината на оригиналниот карактер и подигнат за 44%.)

Индекс е карактер (буква, број) или текст кој се пиши за одредено ниво погоре или подолу, а и со помала големина од обичниот текст.

  • Горен индекс е индекс кој се пиши погоре од нивото на обичниот текст.
    • Горен десен индекс е горен индекс кој е непосредно десно од обичниот текст. На пример: a² со што се означува a·a, т.е. a на квадрат.
    • Горен лев индекс е горен индекс кој е непосредно лево од обичниот текст. На пример: 14C со што се означува изотопот на јаглен со 8 неутрони.
  • Долен индекс е индекс кој се пиши подолу од нивото на обичниот текст.
    • Долен десен индекс е долен индекс кој е непосредно десно од обичниот текст на кој е индикаторот. На пример: H₂O со што се означува вода.
    • Долен лев индекс е долен индекс кој е непосредно лево од обичниот текст.

Примена[уреди]

Четирите позиции на индекси. Фонтот е Myriad Pro.

Горни индекси[уреди]

Симболите за заштитен знак ™ и за авторска права © обично се пишани како горни индекси.

Ознаки за фусности во некој текст најчесто се пишани како горни индекси,[1][2] а во Википедија и наводи се пишани како горен индекс.

Во математиката, горен индекс најчесто се користи за експонент, т.е. за степенување. На пример: a². Тука бројот 2 е горен индекс на буквата a, односно бројот 2 е експонент на основата a и има значење a² = a·a. (Ова е формулата за пресметување на плоштина на квадрат со страна a.)

Во обичен текст, дропка може да се пиши користејќи горен индекс, па коса црта на напред, па долен индекс. На пример, 2/5 = 0,4.

Понекогаш ординали броеви се означуваа со горни индекси. На пример, на англиски текст уредувачи како Microsoft Word, автоматско се преформатираат ординали броеви како 1st во 1st, 2nd во 2nd, итн.[3] Во таа смисла, во Р.М. се користи 1о or 2о за последователно прикажување на особини или друго. (Тука е пишана мала буква „о“ како горен индекс, а може непосредно (без горен индекс) да се користи симболот ° за степен, но е доста помал и невидлив.)

Покрај овие попознати примери, се забележува дека во математиката и во другите природни науки, горни индекси се користат и за други означувања.

Долни индекси[уреди]

Можеби најпознатиот пример за користење на долни индекси е во хемиски формули. На пример, хемиската формула за глукоза е C6H12O6 (што значи дека глукоза е молекул со 6 атоми од јаглен, 12 атоми од водород и 6 атоми кислород ).

Исто така, долни индекси се користат во математика и физика за означување на разни верзии на истата променлива. На пример, со vракета и vнаблудувач се означуваат брзината на ракета и брзината на наблудувачот, соодветно.

  • Доколку вредноста на некоја променлива се менува со времето t, со долен индекс 0 (нула) се означува вредност на променливата во времето t=0. На пример, со v0 and vk може да означува почетна и крајна вредност на v (во текот на некој процес) соодветно.
  • Доколку една променлива зависи од друга променлива, на пример ако y=y(x), a дадена е некоја одредена вредност x0, тогаш со y0 се означува вредноста на y во x0, т.е. y0=y(x(0). На пример, ако y=x² и x₀=3, тогаш y₀=y(x₀)=3²=9.
  • Доколку елементите на некое множество се подредени, со долен индекс се означува тој елемент кој се наоѓа на соодветната позиција. На пример, ако Х={-6,5,10}, x1=-6, x2=5, x3=10 (види низа).

Покрај овие попознати примери, се забележува дека во математиката и во другите природни науки, долни индекси се користат и за други означувања.

Внесување[уреди]

Забележиме дека горни и долни индекси се многу корисни во ракописен текст особено во математиката и во другите природни науко, но истите претставуваат енормни проблеми во светот на компјутери од сите погледни страни.

Копчиња за горен и долен индекс во Microsoft Word

Текст уредувачи[уреди]

Microsoft Word има подршка за горни и долни индекси на повеќе места и за повеќе намени. За внесување на индекси во обичен текст може да се користат копчињата кои се наоѓаат на табот Home под Font (види слика). Можат да се користат и комбинациите на тастерите: Ctrl+ Shift++ за внесување на горен индекс или Ctrl++ за внесување на долен индекс. За внесување на фусности, наводи итн., се користат наредбите на табот: References [4].

ХТМЛ[уреди]

Во ХТМЛ и во Вики синтакса, долни индекси со добиваат со таговите <sub> и </sub>. Аналогно, горни индекси се добиваат со таговите <sup> и </sup>. Големината и позицијата на изведените карактери зависаат од фонтот, прелистувачот, платформата, ...

Уникод[уреди]

Уникод има подршка за горни и долни индекси и истите можат да се користат и во ХТМЛ.[5] На пример, за ², т.е горен индекс 2 може да се користи &sup2; или &#178; или хексадецималниот број 00B2. За внесување на уникод симболи во текст уредувачи на Microsoft се внесува хексадецималниот код, па веднаш потоа се притиска Alt+x.[6]

TeX[уреди]

Во LaTeX и во TeX, долни индекси се добиваат со долна црта _, додека горни индекс се добиваат со карета ^ (shift+6). На пример, во Википедија Вики синтакса <math>x_{12}$</math> дава x_{12}, а <math>3^2</math> дава 3^2, а во овој пример се гледа какви проблеми има со хоризонатално порамнување на обичен текст и математички текст со горни и долни индекси. Од друга страна, само со математички текст уредувачи како LaTeX можеме правилно да пишиме заеднички горни и долни индекси. На пример, за комплетно означување на изотопот на атомот Галиум (со 31 протони и) со 37 неутрони треба <math>{{}_{31}^{68}{\rm{Ga}}}<\math> и се добива:

{{}_{31}^{68}{\rm{Ga}}}

Наводи[уреди]

  1. „APA Footnotes and Endnotes“ (на англиски). http://owl.english.purdue.edu/owl/resource/560/04/. конс. Декември 2013. 
  2. „MLA Endnotes and Footnotes“ (на англиски). http://owl.english.purdue.edu/owl/resource/747/04/. конс. Декември 2013. 
  3. „Editing Word files for publication“ (на англиски). UCC. http://publish.ucc.ie/doc/wordedit?sectoc=5#noautostyle. конс. Декември 2013. 
  4. „Insert or Create Footnotes or Endnotes“ (на англиски). Microsoft®. http://office.microsoft.com/en-001/word-help/insert-or-create-footnotes-and-endnotes-HA101854833.aspx. конс. Декември 2013. 
  5. „Unicode Entity Codes for Math“ (на англиски). 2013. http://symbolcodes.tlt.psu.edu/bylanguage/mathchart.html. конс. Септември 2013. 
  6. „Unicode Input“ (на англиски). Wikipedia. http://en.wikipedia.org/wiki/Unicode_input. конс. Септември 2013. 

Поврзани теми[уреди]

Надворешни линкови[уреди]