Горан Славковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Славковски
Лични податоци
Роден на 8 април 1989(1989-04-08)(34 г.)
Роден во Шведска
Висина 1.91
Позиција напад
Младинска кариера
ФК Балкан
2004–2005 ФК Малме
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2009 ФК Интер 1 (0)
2008ФК Шефилд Јунајтед (п) 0 (0)
2010 ФК Бохум II 8 (1)
2011 IF Limhamn Bunkeflo 5 (0)
2013 КСФ Македонија Малме
Репрезентација
Sweden U15 8 (4)
Sweden U16 6 (3)
Sweden U17 10 (8)
Sweden U18 7 (7)
Sweden U19 2 (2)
2008 Македонија Македонија 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 декември 2011

Горан Славковски (роден на 8 април 1989) кој е еден од најталентираните напаѓачи во Европа на негова возраст, е роден во шведскиот град Скравлинге на 8 април 1989 година. Иако е роден во Шведска, Горан потекнува од скопското село Бразда, каде што живеело семејството Славковски пред да замине во скандинавската земја на печалба.

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Горан Славковски имал 33 настапи и 24 гола за младинските селекции на Шведска од каде што перманентно одлучил да се префрли за да ја репрезентира селекцијата на Македонија.

Уште како мал Славковски покажувал наклонетост за фудбал, па заминал да тренира во тимот на Балкан, во населбата Росенгард, во градот Малме. Талентот на Славковски го забележале од тимот на Малме, каде што Славковски играл во сезоната 2004/05.

По само една година во Малме, во 2005, Славковски потпишал договор со италијанскиот гигант Интер Милан. Во јануари 2007 за Славковски заинтересираност покажал и славниот Манчестер Јунајтед, па „нераѕурите“ веднаш му ја продолжиле обврската кон нив. Според актуелната спогодба, Горан ќе му остане верен на тимот од „Џузепе Меаца“ до јуни 2010 година.

Дебитирање[уреди | уреди извор]

Иако имал само 17 години, Славковски веќе дебитирал за тимот на Интер. Во првенство, на 7 мај 2006, на мечот против Сиена, тренерот на Интер, Роберто Манчини, во 83. минута во игра го внесел Славковски. Тоа било првиот настап на Горан во Серија А лигата. Иако одиграл само 10-тина минути, со тој настап Славковски влегол во историјата на италијанскиот гигант како најмлад фудбалер што настапил за првиот тим на „нераѕурите“ во калчото. Горан тогаш имал само 17 години и еден месец. Претходниот рекорд бил во сопственост на Интеровата легенда Џузепе Бергоми.

Малиот Златан Ибрахимовиќ[уреди | уреди извор]

Според конституцијата на телото и потеклото, Славковски го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ и неговиот прекар е „Малиот Златан“. Двајцата се високи по 191 cm, а потекнуваат од Балканот (Ибрахимовиќ е од БиХ). И Славковски и Ибрахимовиќ имаат иста кариера. Почнале во Балкан, па во Малме, од каде преминале во Интер. Единствена разлика е тоа што Златан прифатил да игра за Шведска, а Славковски се решил да настапува за Македонија.

Цитат[уреди | уреди извор]

Моето име не е ниту Свенсон, ниту Ларсон и не сум сино-жолт. Моето име е Горан и моите родители се од Македонија. Моето срце е црвено-жолто и затоа ќе играм за Македонија“ - неодамна изјавил Славковски, откако во Милано го посетил претседателот на Агенцијата за млади и спорт, Ивица Георгиевски.

Извор[уреди | уреди извор]

Дневник весник, СПОРТ - ЕКСТРА-ТАЛЕНТОТ СО МАКЕДОНСКА „ДЕВЕТКА“ Славковски ќе го прослави црвениот дрес, вторник, 13 март 2007, Скопје, РМ.