Горан Ристовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Ристовски
Роден 7 јануари 1987(1987-01-07)(37 г.)
Струга , СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање графичар, сликар

Горан Ристовски (Струга, 7 јануари 1987) — македонски графичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристовски е роден на 7 јануари 1987 година во Струга. После средното образование во ДСУ „Нико Нестор“ се запишал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде во 2009 година дипломирал, на отсекот графика, насока графички дизајн, во класата на професор Димитар Малиданов. Тој досега имал самостојни поставки во неговиот роден град, а учествувал на дваесетина групни изложби во Македонија[1], Бугарија, Србија и Романија. Добитник е на наградата за најдобар едноминутен филм на „Скопје Филм Фестивал 2010“ и на втора награда за најдобар постер на конкурсот „Против цензура, за слобода на говорот“.

Муралот.

Во октомври 2021 година, во рамки на проектот „Градиме култура, сликаме култура - мурали за 30 години независност“, уметникот Горан Ристовски насликал на јужната страна на зградата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, мурал со ликот на Владо Малески, струшкиот вез и дел од текстот на химнатаДенес над Македонија“ односно делото на Малески.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Изложба на графики на авторот Горан Ристовски“. Куманово њуз. 20 јануари 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-03-30.
  2. Стојкова-Костоски, Слаѓана (25 октомври 2021). „Мурал со дела од Владо Малески насликан на фасадата на Центарот за култура во Струга“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2022-11-14. Посетено на 14 ноември 2022.