Голем верски кревет
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Големиот верски кревет (англиски: Great Bed of Ware) е екстремно голем дабов четиридиречен кревет, изрезбан со интарзија, кој првобитно бил сместен во гостилницата „Бело срце“ (White Heart Inn) во Вер, Англија. Бил направен од хертфордширскиот мајстор Џонас Фосбрук околу 1590 год. Креветот е со димензии 3 x 3.35 m (10 x 11 стапки) и на него наеднаш можат да спијат 15 души. Многу од поние кои го користеле го имаат изрезбано своето име на диреците.
Во 1800-тите креветот гостилницата „Сараценова глава“ (Saracen's Head Inn), друга гостилница во Вер. Во 1870, Вилијам Хенри Тиал, сопственикот на Рајската куќа (Rye House) го купил креветот и го ставил во забавна градина. Кога интересот за таа градина исчезнал во 1920-тите, креветот бил продаден. Во 1931 бил купен од Викторииниот и Албертов музеј во Лондон.
Креветот во книжевноста [уреди]
Големиот верски кревет е споменат во книжевноста од следниве автори:
- Вилијам Шекспир во „Ноќ спроти Водици“
- Џорџ Гордон Бајрон во „Дон Жуан“
- Џорџ Фаркуар во „Регрутатор“
- Џуна Барнс во „Ноќна шума“
Надворешни врски [уреди]
- Слики од креветот на веб-сајтот на В&А музејот (англиски)
- Статија на Би-Би-Си (англиски)