Голем Град (Коњско)

Координати: 40°52′0″N 20°59′0″E / 40.86667° СГШ; 20.98333° ИГД / 40.86667; 20.98333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за археолошкото наоѓалиште. За самиот остров видете Голем Град
Голем Град

Карта на археолошките наоѓалишта на островот Голем Град

Карта

Местоположба 40°52′0″N 20°59′0″E / 40.86667° СГШ; 20.98333° ИГД / 40.86667; 20.98333
Основни податоци
Место Коњско
Општина Ресен
Тип

 населба  црква


Период неолитско време
хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Голем Градархеолошко наоѓалиште на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Претставува населба од неолитско, хеленистичко и римско време, црква и некропола од римско време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и претставува природна тврдина со висина од 30 метри над нивото на езерската вода.[1]

Истражувања[уреди | уреди извор]

Уште во 1898 година П. Н. Миљуков го посетил островот и ги регистрирал фреските во црквите „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“, денес урната. Ископувања се изведени во 1967/68 година, потоа од 1980 до 1990 година, при што се откриени неолитски артефакти, темели од станбени објекти од хеленистичкото и римското време, основи од две старохристијански еднокорабни цркви, една црква од средниот век (Св. Димитрија), една цистерна од римското време и 102 гроба од римскиот и средновековниот период (II до XIV век) без прекин. Ѕидовите на црквите биле прекриени со фрески, а подовите спорадично со мозаици. Накитот од гробовите е изработуван од бронза, сребро, јантар, стаклена паста и злато. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен. Најотпрвин со истражувањата се пронајдени ѕидини на северниот и јужниот дел на островот, кои ја зацврстиле позицијата на островот а исто и биле пронајдени 2 хеленистички куќи, 5 римски куќи, римски некрополи како и од средниот век, цистерна, 2 ранохристијански цркви и други предмети. Во првата од хеленистичките куќи биле пронајдени многубројни и разни видови на керамика, додека пак во втората скршеници од кровна ќерамида, глина, керамички садови и 2 монети на Филип V, според гореници присутни во втората куќа се заклучило дека имало пожар поради што брзо се напуштила куќата.[2]

Објекти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Голем град Преспа, Вера Битракова Грозданова, Скопје 2011, ISBN 608-65066-5-5