Голема црноглава сипка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема црноглава сипка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Сипки
Род: Poecile
Вид: Голема црноглава сипка
Научен назив
Poecile lugubris
Temminck, 1820
Синоними

Parus lugubris

Poecile lugubris

Големата црноглава сипка (науч. Poecile lugubris) е член на семејството сипки (Paridae), во родот Poecile.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Распространета е во југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, и југозападна Азија. Таа е постојан жител (резидентна), односно не е птица преселница.

Опис[уреди | уреди извор]

Големата црноглава сипка е слична со планинската сипка, само е малку поголема и потемна од страните. Должината на телото се движи 13-14 см, а тежината од 15 до 20 грама. Клунот е кус, конусен и релативно силен. Врвот на главата и вратот кај мажјаците е кафеавоцрн, а кај женките тој дел е кафеав.

Остатокот од горниот дел од пердувите е светлокафеава боја, лицето и страните на вратот се малку посветли, а долниот дел од телото е белузлав со сивокафени страни.

Повикот ѝ е карактеристичен зиррра звук. Се огласува слично на модроглавата сипка со ци-ци-ци и врапчевото кер-р-р, како и со чечече, слично како големата сипка. Песната е слична, само малку погруба од малата црноглава сипка - чрив-чрив-чрив.

Гнездење[уреди | уреди извор]

Големата црноглава сипка гнездото го прави во шуплините на дрвјата, а понекогаш и во карпите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2004). „Parus lugubris“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 12 May 2006.