Голема сипка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голема сипка
Мажјак Пеење 
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Сипки
Род: Parus
Вид: Голема сипка
Биномен назив
Parus major
Linnaeus, 1758
Map of Eurasia and North Africa with ranges depicted in four colours
Распространетост на подвидовите

Големата сипка (науч. Parus major) е врапчевидна птица од фамилијата на сипките Paridae. Таа е широко распространета низ Европа, Среден Исток, централна и северна Азија во секакви шумички. Генерално е постојан жител, освен во многу студените зими кога мигрира во потопли краишта.

Таа е карактеристична птица, со црна глава и врат, бели образи, маслинести горни делови од телото и жолти долни делови. Претежно се храни со инсекти, но зиме јаде речиси сè. Гнезди во дупки од дрвја, но добро е прилагодена во градските средини и прифаќа куќички за птици. Ја има низ градините и парковите, и секаде низ Македонија.

Таксономија[уреди]

Големата сипка, оригинално по своето сегашно научно име била опишана од Linnaeus во неговата Systema Naturae од 18 век.[2] Името потекнува од латинското parus - сипка и maior - голема.[3]

Порано се сметаше дека големата сипка е распространета од Велика Британија до Јапонија и на југ до островите на Индонезија, со своите 36 подвида поделени во 4 групи. Групата major имаше 13 подвида низ Европа, умерена Азија и северна Африка, групата minor со 9 подвида и опсег во југоисточна Русија и Јапонија, групата cinereus со 11 подвида со распространетост од Иран низ јужна Азија до Индонезија. Трите подвида на групата bokharensis често се сметаа за посебен вид Parus bokharensis, туркестанска сипка. Оваа поделба е отфрлена по испитувањето на секвенците од митохондриска ДНК кои докажаа дека четирите групи се различни и дека хибридизационите зони меѓу групите се резултат на секундарен контакт по периодот на изолација.[4][5]

Студија објавена 2005 година потврди дека групата major е различна од групите cinereus и minor и дека заедно со P.m. bokharensis се одвоила од овие две пред 1.5 милиони години. Поделбата меѓу bokharensis и major групите, пак, настанала пред околу половина милион години.[6]

Во родот Parus порано се наоѓаа поголемиот дел од видовите сипки во фамилијата Paridae, но морфолошките и генетските истражувања доведоа до разделување на тој голем род во 1998 година. Големата сипка остана во родот Parus, кој сè уште е најголемиот во семејството, но може да се подели повторно.

Подвидови[уреди]

Моментално се издвојуваат 14 подвида на големата сипка:

 Great Tit perched on twig. It has a wide black band down its breast and belly.
Британски подвид P. m. newtoni

Опис[уреди]

 duller-plumaged Great Tit with weak breast and belly stripe
Кај женките и младенчињата средишната црна линија е потенка и понекогаш прекината.
 Great Tit with strongly yellow sides perched on twig
Перјето на мажјаците е типично светло
Пар големи сипки

Оваа птица е голема во однос на другите сипки, со должина од 12.5 до 14 см и има карактеристичен изглед по кој лесно се препознава. Номинираната раса P. major major има синкавоцрна круна, црн врат, грло, лигавче и глава и бели образи. Градите се светло лимон жолти и има црна линија што оди од под брадата до задникот. Има бледа бела точка на тилот која преминува во зеленикавожолта на горниот дел од тилот. Остатокот од тилот и грбот се зелени со нијанса на маслинесто. Горните пердуви на крилјата се зелени, а останатио дел од крилјата е синкавосив, со една бела линија. Опашката е синосива со бели краеви. Женките се слични, но кај нив боите се поизбледени, лигавчето е неинтензивна црна боја, како и линијата која се протега по стомакот која е и потенка, а понекогаш и прекината. Младите птици се како женките, освен што имаат побледи маслинавокафеави врат и тил, сивкави задници и сивкави опашки на кои не се дефинирани белите краеви.

Силно жолтата боја на градите на мажјаците се покажа дека е поврзана со посилната сперма и тоа е еден од начините да ѝ ја покажат на женката својата репродуктивна способност.[8]

Огласување[уреди]

Голема сипка : пеење

Големата сипка има над 40 видови повици и песни. Повиците се генерално исти меѓу половите, но мажјакот е погласен, а женката поретко се огласува. Како повици за контакт често се користат меките единечни пит, спик или чит. Гласното тинк го користат мажјаците за тревога при навлегување во нивната територија. Еден од највообичаените е повикот тичр-тичр кој се користи за означување сопственост на територијата.

Порано, старите го сметале остриот повик на сипката за претскажувач на дожд.[9]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Голема сипка во куќичка за птици, Германија
 Great Tit on branch with caterpillar between feet
Како и другите сипки и големата, додека јаде си ја придржува храната со нозете
 Great Tit leaving its tit housegape
Голема сипка ја напушта куќичката

Големата сипка има широка распространетост во речиси цела Евроазија. Ја има во цела Европа, освен Исланд и северна Скандинавија, вклучувајќи ги и бројните медитерански острови. Во северна Африка, ја има во Мароко, Алжир и Тунис. Потоа е распространета низ Среден Исток, делови од централна Азија, од северен Иран и Авганистан до Монголија, како и преку северна Азија од Урал до реката Амур.

Големата сипка има широк спектар живеалишта. Најчесто тоа се отворените листопадни шуми, мешаните шуми и рабовите на шумите. Во густите шуми, вклучувајќи ги и иглолисните, тие се наоѓаат на чистинките. Во северниот дел на Сибир се наслува во тајгите. Во северна Африка го претпочита дабовите шуми, кедарот, па дури и палмовите шуми, а на исток од распространетоста, во Монголија и Кина ги фаворизира речните врби и брезовите шуми. Речните врби и тополите се живеалишта во Туркистан во централна Азија, како и ниските грмушки, а на повисоките надморски височини ги зазема живеалиштата кои се движат од густи листопадни и зимзелени шуми до отворени подрачја со расфрлани дрвја.

Овие птици, воопштено не се преселници. Паровите, обично ќе останат во близина или на нивната територија преку целата година, дури и во северните делови на нивниот опсег. Младите птици ќе се распрскаат од територијата на нивните родители, но обично не одат далеку. Популации од над илјада птици може да се преселат во услови на пресиромашни или студени зими од северна Европа во балтичките земји, Холандија, Велика Британија, па дури и на јужниот дел на Балканот.[10]

Однесување[уреди]

Исхрана[уреди]

Големата сипка се храни претежно со инсекти и пајаци кои ги наоѓа на лисјата од дрвјата.[11] Од без’рбетниците јаде лебарки, скакулци и штурци, бубачки, мравки, муви, пчели и оси, полжави и др. За време на сезоната на парење преферира малечките да ги храни со гасеници кои се богати со протеини.[12] A study published in 2007 found that Great Tits helped to reduce caterpillar damage in apple orchards by as much as 50%.[13] Наесен и зиме, кога инсектите не се достапни, сипката се храни со бобинки и семиња. Семињата и овошките се од листопадните дрвја, а тука се вклучени и семиња од даб и леска. Јадат и од хранлики, а во студените зими може да изедат сончоглед 44% од нивната тежина. Тие често пребаруваат храна по земја, а зиме се приклучуваат во мешани јата во потрага по храна.[11]

Поголемите парчиња храна, сипката ги фаќа меѓу своите нозе и со клунот ги приспособува за јадење. На пример, еден лешник ќе го отвори за околу 12 минути, а кога ги храни младите, им ги трга главите на поголемите инсекти за да бидат полесни за јадење.

Големите сипки ја комбинираат сестраноста во исхраната со интелигенцијата и учењето со увид, а не ги решаваат проблемите со обиди и грешки. Во Англија, тие научиле да ги пробиваат капачињата од фолија на шишињата млеко пред домашните прагови, за да дојдат до кајмакот.[14] Ова, за првпат е забаележано 1921 година, а потоа нагло се проширило следните две декади.[15]

 nest with seven chicks. These are covered with grey down, and have bright yellow gapes
Мали пилиња во гнездо

Размножување[уреди]

 Great Tit with ruffled adult-like plumage and yellow gape
Оперјување
 adult Great Tit perched on hand
Со прифаќењето куќички и хранилки овие птици станаа популарни и корисни за истражување.

Големите сипки се моногамни птици со строго определена територија за размножување.[16] Овие територии се воспоставуваат на крајот од јануари, а започнуваат да се бранат на почетокот од пролетта. Обично се зазема истата територија од претходната година. Женката може да отиде на нова територија ако гнездото претходната било нападнато.[17] Иако, социјално сипките се моногамни, често се случува мажјаците да имаат екстра копулација. [18]

Гнездото го прават во дупка од дрво и понекогаш во пукнатини од карпи, но и со задоволство прифаќаат куќички за птици. Внатрешноста на гнездото е изградено од женката, која постила мека трева, мов, волна, коса и пердувчиња. Несе многу јајца, и до 18, но најчесто 5-12. Второтo легло е дупло помало. Јајцата се бели со црвени точки и ги инкубира само женката, но за тоа време мажјакот ја храни. Таа е постојано на гнездото и с’ска ако ја вознемируваат. Инкубацијата трае 12-15 дена.

Малечките се испилуваат без перје и слепи. Кога ќе почнат да се оперјуваат, невообичаено, тие веднаш се шарени, слични на своите родители. На тилот имаат јасно изразена жолта дамка која го привлекува вниманието на родителите со својот ултравиолетов отсјај. Можеби е ова вака за полесно да ги забележат во потемни услови или да се привлече вниманието на родителите. Оваа дамка станува бела по првото митарење, на двомесечна возраст.[19]

Обата родитела ги хранат младенчињата. Овој период трае 16-22 дена, а малечките стануваат независни 8 дена по оперјувањето. Хранењето може да продолжи уште најмногу 25 дена, а дури 50 кај второто легло. Младенчињата во второто легло имаат послаб имунитет и телесна состојба, па затоа и стапката на морталитет е поголема.[20]

Односи со луѓето[уреди]

Големата сипка е популарна градинарска птица со своите акробатски претстави додека се храни со ореви и семиња. Нејзината подготвеност да се насели во куќичка за птици ја направи вреден субјект за истражување на однесувањето, но особено за големината на леглата. [21]


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Parus major. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/160032615. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae (Laurentii Salvii). стр. 189. „P. capite nigro, temporibus albis, nucha lutea“ 
  3. Simpson, D.P. (1979). „Cassell's Latin Dictionary“ (5 издание). London: Cassell Ltd.. стр. 883. ISBN 0-304-52257-0. 
  4. Kvist, Laura; Martens, Jochen; Higuchi, Hiroyoshi; Nazarenko, Alexander A; Valchuk, Olga P and Markku Orell (2003). „Evolution and genetic structure of the great tit (Parus major) complex“. „Proceedings of the Royal Society B“ 270 (1523): 1447–1454. doi:10.1098/rspb.2002.2321. PMID 12965008. 
  5. Paynter Jr. RA, уред (1967). „Check-list of birds of the world. Volume 11“. Cambridge, Massachusetts: Museum of Comparative Zoology. стр. 104–110. http://www.archive.org/stream/checklistofbirds121967pete#page/103/mode/1up. 
  6. Päckert, Martin; Martens, Jochen ; Eck, Siegfried ; Nazarenko, Alexander A ; Valchuk, Olga P. ; Petri, Bernd & Michael Veith (2005). „The great tit (Parus major) – a misclassified ring species“. „Biological Journal of the Linnean Society“ 86 (2): 153–174. doi:10.1111/j.1095-8312.2005.00529.x. 
  7. 7,0 7,1 Mlíkovský, Jiří (26 August 2011). „Nomenclatural and taxonomic status of bird taxa (Aves) described by an ornithological swindler, Josef Prokop Pražák (1870–1904)“. „Zootaxa“ (3005): 45–68. 
  8. Dell'Amore, Christine. „Flashier Great Tit Birds Produce Stronger Sperm“, National Geographic, 20 јануари 2010 (конс. 21 јануари 2010).
  9. Swann, H Kirke (1913). „A dictionary of English and folk-names of British Birds“. Witherby & Co, London. стр. 108. ISBN 0-7158-1239-4. http://www.archive.org/stream/dictionaryofengl00swannhk#page/108/mode/1up/. 
  10. Nowakowski, Jarosław K. (2001). „Speed and synchronization of autumn migration of the Great Tit (Parus major) along the eastern and the southern Baltic coast“. „The Ring“ 23 (1): 55–71. http://kabli.nigula.ee/bib/nowa.pdf. 
  11. 11,0 11,1 Ehrlich, Paul; Dobkin, David; Wheye, Darryl; Pimm, Stuart (1994). „The Birdwatcher's Handbook“. Oxford University Press. стр. 434. ISBN 0-19-858407-5. 
  12. Royoma, T (1970). „Factors governing the hunting behaviour and selection of food by the Great Tit (Parus major L.)“. „Journal of Animal Ecology“ 39 (3): 619–668. doi:10.2307/2858. 
  13. Mols, C; Visser, M; Jones, Peter (2007). Jones, Peter. уред. „Great Tits (Parus major) Reduce Caterpillar Damage in Commercial Apple Orchards“. „PLoS ONE“ 2 (2): e202. doi:10.1371/journal.pone.0000202. PMID 17285148. PMC: 1784073. http://www.plosone.org/article/fetchArticle.action?articleURI=info:doi/10.1371/journal.pone.0000202. 
  14. Hawkins, T. (1950). „Opening of Milk Bottles By Birds“. „Nature“ 165 (4194): 435–436. doi:10.1038/165435a0. 
  15. Lefebvre, Louis (1995). „The opening of milk bottles by birds: Evidence for accelerating learning rates, but against the wave-of-advance model of cultural transmission“. „Behavioural Processes“ 34 (1): 43–53. doi:10.1016/0376-6357(94)00051-H. 
  16. Krebs, John R. (1971). „Territory and breeding density in the Great Tit, Parus major L“. „Ecology“ 52 (1): 3–22. 
  17. Harvey, Paul H.; Greenwood, Paul J. & Christopher M. Perrins (1979). „Breeding area fidelity of Great Tits (Parus major)“. „Journal of Animal Ecology“ 48 (1): 305–313. doi:10.2307/4115. 
  18. Strohbach, Sabine; Curio, Eberhard ; Bathen, Andrea ; Epplen, Jorg & Thomas Lubjuhn (1998). „Extrapair paternity in the great tit (Parus major): a test of the "good genes" hypothesis“. „Behavioural Ecology“ 9 (4): 388–396. doi:10.1093/beheco/9.4.388. 
  19. Ismael Galván, Luisa Amo, and Juan J. Sanz (2008). „Ultraviolet-blue reflectance of some nestling plumage patches mediates parental favouritism in great tits Parus major“. „Journal of Avian Biology“ 39 (3): 277–82. doi:10.1111/j.0908-8857.2008.04273.x. 
  20. Dubiec, Anna; Cichoñ, Mariusz (2001). „Seasonal decline in health status of Great Tit (Parus major) nestlings“. „Canadian Journal of Zoology“ 79 (10): 1829–1833. doi:10.1139/cjz-79-10-1829. 
  21. Perrins C M (1965). „Population fluctuations and clutch-size in the great tit, Parus major L“. „The Journal of Animal Ecology“ 34 (3): 601–647. doi:10.2307/2453. http://www.garfield.library.upenn.edu/classics1983/A1983QB30600001.pdf. 

Надворешни врски[уреди]