Голема бела чапја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голема бела чапја
Возрасна единка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Фамилија: Чапји
Род: Ardea
Вид: Голема бела чапја
Биномен назив
Ardea alba
Карл Лине, 1758
Синоними

Casmerodius albus
Egretta alba

Големата бела чапја позната и како голема чапја, обична чапја,[2][3][4] е голема, широко распространета чапја. Ја среќаваме во тропските и потоплите региони во светот, a во јужна Европа присуството е локализирано.

Опис[уреди]

Во лет

Големата чапја е со целосно бело перје. Високи се околу 1 m, односно од 80 до 104 cm и имаат распон на крилата од 131 до 170 cm.[5][6] Тежат од 700 до 1500 gr, или просечно 1 kg.[7] Тие се само малку помали од големата сина чапја или сивата чапја (A. cinerea). Освен по големината големата бела чапја се разликува од другите бели чапји со нејзиниот жолт клун и црни нозе и стапала, иако клунот може да стане потемен, а нозете посветли во време на парење. Во сезона на парење, нежни украсни пердуви се појавуваат на грбот. Мажјаците и женките се идентични во изгледот, а малечките се како возрасните вон сезона на парење.

Скица со разликите меѓу големата бела чапја и средноголемата чапја.

Таа има бавен лет со згрчен врат. Ова е карактеристика на чапјите и биковите, што ги разликува од штрковите кои го истегнуваат вратот при летање. Големата бела чапја вообичаено е нема птица, но прави силни звуци со клунот „чук чук чук“.

Систематизација и таксономија[уреди]

Големата бела чапја спаѓа во семејството на чапјите, традиционално класифицирајќи ја со штрковите во штрковидните, но нејзини поблиски роднини всушност ѝ се пеликаните од редот на пеликановидните.

Подвидови[уреди]

Има четири подвида на различни места во светот со ситни разлики. Разликите се однесуваат на боите во сезоната на парење и на големината:

Екологија и статус[уреди]

Родител во гнездо со три пилиња

Големата бела чапја е делумно птица-преселница, односно се сели од областите со постудени зими на југ. Живее во колонија на дрвја во близина на големи езера со трски или други мочурливи места. Гради цврсти високи гнезда.

Големата бела чапја генерално е многу успешен вид и иако кон крајот на 19 век во Америка биле убиени голем број чапји заради нивните украсни пердуви, со мерките за заштита, таа во голем број е обновена. Таа добро се приспособува во населените места и често може да се види во мочурливи и влажни места во приградските населби. Во 1953 година големата бела чапја во лет беше избрана за симбол на Националното Одбон друштво, за да се спречи убивањето птици заради нивните перја.[8][9]

Големата бела чапја е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водени птици (AEWA).

Исхрана[уреди]

Лов на риба

Големата бела чапја се храни во плитката вода со риби, жаби, мали цицачи, и многу ситни рептили и инсекти, прободувајќи ги со долгиот и остар клун, стоејќи и чекајќи мирно додека пленот не наиде во дометот на нејзиниот остар клун кој го користи како стрела.

Во културата[уреди]

Големата бела чапја се наоѓа на банкнотата на 5 бразилски реали.

Симбол е на Националното Одбон друштво.[10]

Името на древниот Шарипутра, еден од следбениците на Буда значи син на чапјата (покрај другите варијанти), и се вели дека неговата мајка имала очи како големата бела чапја.[11]

Поврзано[уреди]

Фусноти[уреди]

  1. BirdLife International (2010). „Casmerodius albus“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 3.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/144681. конс. 6 март 2011.  (англиски)
  2. Thomas Bewick (1809). „The Great White Heron (Ardea alba, Lin. – Le Heron blanc, Buff.)“. „Part II, Containing the History and Description of Water Birds“. A History of British Birds. Newcastle: Edward Walker. стр. 52. http://www.biodiversitylibrary.org/item/82314#page/386/mode/1up. 
  3. B. Bruun, H. Delin, L. Svenson. The Hamlyn Guide to Birds to Britain and Europe. London, 1970, 36.
  4. Ali, S. (1993). „The Book of Indian Birds“. Bombay: Bombay Natural History Society. ISBN 0-149-563731-3. 
  5. [1]
  6. [2]
  7. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  8. „Timeline of Accomplishments“. National Audubon Society. http://www.audubon.org/timeline-accomplishments. конс. 6 март 2011. 
  9. „Historical Highlights: Signature Species“. National Audubon Society. архивирано од оригиналот на 30 март 2009. http://replay.waybackmachine.org/20090330082257/http://audubon.org/centennial/species.php. конс. 6 март 2011. 
  10. „Great Egret (Ardea alba)“. National Geographic Society. http://animals.nationalgeographic.com/animals/birds/great-egret/. конс. 31 мај 2012. 
  11. http://www.purifymind.com/ExplanatioinHeart.htm

Наводи[уреди]

  • Roger Tory Peterson (1998). „Eastern Birds“. Peterson Field Guides (4th издание). New York: Houghton Mifflin. стр. 102. ISBN 978-0-395-91176-1. 
  • David W. Snow, Christopher M. Perrins, Paul Doherty & Stanley Cramp (1998). „The Complete Birds of the Western Palaearctic on CD-ROM“. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1. 

Надворешни врски[уреди]