Годвинов закон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајк Годвин во 2010 г.

Годвинов закон (англиски: Godwin's Law) — тврдење на американскиот правник Мајк Годвин изнесено во 1990 година кое гласи: „Како што се заострува дискусијата водена по електронски пат, веројатноста за правење споредба со Хитлер или Нацистите се доближува до 1.“[1] Или протолкувано со други зборови, ако дискусијата е жестока, без разлика на темата, по одредено време еден од дискутантите би направил споредба со Хитлер или некој друг познат диктатор од историјата.

Иако во првичната негова форма тој важел исклучиво за форумите на семрежјето, тој денес важи за секаков облик на дебата водена на социјалните мрежи или по блоговите.[2]

Научникот Годвин тврди дека го изнел законот во 1990 како експеримент од полето на меметиката. Вели дека неговата цел како меметичка алатка е да ги намали таквите непристојни споредби, или со други зборови целта на овој закон е од педагошка и реторичка природа.[3]

Во 2012 г. Годвиновиот закон бил внесен во третото издание на „Оксфордски речник на англискиот јазик“.[4]

Наводи[уреди]

  1. Mike Godwin. „Meme, Counter-meme“, „Wired“, октомври 1994 (конс. 24 март 2006).
  2. Ben Goldacre (16 септември 2010). „Pope aligns atheists with Nazis. Bizarre. Transcript here.“. bengoldacre - secondary blog. архивирано од оригиналот на 4 јануари 2013. http://archive.is/4cNkG. 
  3. „I Seem To Be A Verb: 18 Years of Godwin's Law“. Jewcy.com. 30 април 2008. http://www.jewcy.com/post/i_seem_be_verb_18_years_godwins_law. конс. 16 април 2010. 
  4. „Oxford English Dictionary Online version December 2012“. Oxford University Press.