Гоби (пустина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пустина Гоби
Говь
пустина
Пејзаж од пустината Гоби во Омногови, Монголија.
Земји Монголија, Кина
Монголски покраини Бајанхонгор, Дорногови, Дундгови, Гови-Алтај, Говисумбер, Омногови, Сухбатор
Кинески региони Внатрешна Монголија
Опсег Планини Гови-Алтај
Знаменитост Басен Немегт
Должина 1.500 км, SE/NW
Ширина 800 км, N/S
Површина 1.295.000 км²
Местоположба на пустината Гоби.
Местоположба на пустината Гоби.

Гоби (монголски: Говь, кинески: 戈壁(沙漠) Gēbì (Shāmò)) е најголема пустина во Азија. Пустината зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија. Овој пустински предел е во вид на басен опколен со Алтајските планини, степите во јужна Монголија и Тибетската Висорамнина на југ. Пустината Гоби е составена од неколку различни еколошки и географски региони кои зависат од климата и топографијата на пределите. Според големината, пустината Гоби е петта најголема пустина во светот. Оваа пустина е позната по важната улога која ја имала при растењето на Монголската Империја и постоењето на некои поважни градови на Патот на свилата. Бидејќи јужно од пустината се наоѓаат Хималаите, влажноста и дождовите не можат да продрат до пустината.[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Пустина Гоби“ (на англиски). http://gobidesert.org/. конс. 4 октомври 2010. 

Дополнителни информации[уреди]

  • Cable, Mildred and French, Francesca (1943) The Gobi Desert London. Landsborough Publications, OCLC 411792
  • Man, John (1997) Gobi: Tracking the Desert Yale University Press, New Haven, ISBN 0-300-07609-6
  • Stewart, Stanley (2001) In the Empire of Genghis Khan: A Journey among Nomads HarperCollinsPublishers, London, ISBN 0-00-653027-3.
  • Thayer, Helen (2007) Walking the Gobi: 1,600 Mile-trek Across a Desert of Hope and Despair Mountaineer Books, Seattle, WA, ISBN 978-1-59485-064-6
  • Younghusband, Francis (1904) The Heart of a Continent John Murray

Надворешни врски[уреди]