Глупачките не одат на небото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Глупачките не одат на небото
250п
Постер од серијата
Жанр комедија теленовела
Создадена од Енрике Торес
Настапуваат Жаклин Бракамонтес
Хаиме Камил
Валентино Ланус
Фабиола Кампоманес
Најавна песна Esto es lo que Soy, Recodo
Земја на потекло Мексико
Јазик шпански
Број на епизоди 140
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Роси Окампо
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Телевиса
Емитување 11 февруари 200822 август 2008
Хронологија
Проследена од Удар во срцето (2008/9)
Официјална Веб-страница

Глупачките не одат на небото (шпански: Las Tontas No Van Al Cielo) е хумористична мексиканска теленовела. Теленовелата во Мексико со прикажување започна на 11 февруари во ударниот термин. Впрочем, продуцент на серијата е Роси Окампо, која ја направи популарната Грдата Лети. Хаиме Камил, главниот глумец од истоимената серија исто така се појавува и овде како главен машки лик. Серијата е мешавина од хумор и драма т.н “телекомедија”. Во Мексико серијата бележи гледаност од високо ниво.

Синопсис[уреди]

Колку трае љубота во бракот? Три години, еден месец, еден ден? Кенди се мажи за мажот од нејзиниот живот Патрисио, без да размислува дека среќата ќе им трае само неколку часа. Кенди се запознава со мажот од нејзиниот живот случајно на нејзиниот 15 роденден – наскоро Патрисио и станува дечко и центарот на целиот свет. Кенди е многу среќна и може да ја сподели нејзината сестра со нејзините сестри Алисија и Вероника, со кои е многу блиска. После некое време Алисија заминува да живее во Тихуана, а Вероника умира подоцна за време на пластична операција за намалување на стомакот. Смртта на Вероника засекогаш ќе го промени мислењето на Кенди кон пластичната хирургија. Кога Патрисио и предлага брак на Кенди, таа веднаш прифаќа, убедена дека и двајцата ќе бидат заедно за целиот живот. На 19 години Кенди води љубов за прв пат, само една недела пред свадбата со Патрисио. Алисија пристигнува на свадбата на Кенди и таа ја моли за прошка бидејќи се чувствува одговорна бидејќи Алисија требала да ја заврши балетската кариера пред неколку години. Алисија и простува или така си мисли Кенди. Меѓутоа, она што Кенди не го сфатила е што претходната вечер Алисија за време на ергенската забава на Патрисио го вовлекла во хотелската соба, за да ја постигне одамнешната цел – да води љубов со Патрисио. Патрисио е силно вљубен во Кенди и покрај сериозната препрека од неговиот татко милионер, тој е решен да се ожени со сиромашната девојка, ќерката на еден до слугите на татко му. Но, и тоа му дава можност за едно мало одмаздување кон татко му, кој е алкохоличар и ја малтретира неговата мајка. Патрисио не е готов да ја загуби љубовта на животот, поради ноќта, помината со Алисија и тој е исплашен да не и открие нешто на сестра и. Но, на свадбата, точно кога мисли дека се е идеално, една работа ќе и го промени животот на Кенди. Таа го поканила нејзиниот чичко Мењо, кој е исфрлен од семејството поради тоа што е геј. За да избегне скандал, Мењо си заминува, оставајќи и пари како подарок на Кенди. По некое време Патрисио и Алисија се затвараат во една соба, за да ја коментират минатата ноќ, и Кенди кога се качува да ги промени обувките, влегува точно, кога Алисија и Патрисио се бакнуваат. Патрисио се обидува да и објасни, но Кенди ги зема парите, кои и ги подарил нејзиниот чичко, за да замине во Гвадалахара и да избега од ситуациите. Во Гвадалахара, Кенди оди да живее со нејзиниот чичко Мемо, без да знае, дека таа забременила од Патрисио од единствениот пат кога биле заедно. Мењо, по идеја на Кенди, прави семејството да и поверуваат дека таа е почината. После неколку месеци се раѓа и синот на Кенди, Салвадор. Минуваат седум години, во кои Кенди работела напорно, да го одгледа нејзиниот син. Животот и се променил и сега е посигурна и порешителна. Кенди е многу заљубена во фудбалот, и нејзиниот омилен тим е Las Chivas. Таа толку го сака спортот, што е и тренер на детскиот тим, во кој тренира нејзиниот син. Тогаш се појавува Сантијаго, привлечен пластичен хирург со двоен живот. Од една страна, е добар татко на неговата ќерка, која ја одгледува сам, откако неговата жена го напуштила заради кариерата; а од друга страна е неверојатен женкар. Во Кенди постојано се борат љубовта против независноста, а врската со Сантијаго ќе треба да и помине и во други насоки. После некое време Кенди почнува да пишува неделна колумна во списание кое се вика “Глупачките не одат на небото”. Кога колумната станува успешна, возможноста да работи во полза на жените, станува реалност на Кенди. Сантијаго, без да мисли, продожува да раководи со клиниката, посветена на физичката убавина, а Кенди повеќе е заинтересирана за внатрешната убавина. Нивните различни мислења стануваат постојани – таа ги краде пациентите на Сантијаго, а тој ги бојкотира нејзините идеи. Освен различноста помеѓу нив, се појавува и друга пречка во нивната љубов, Патрисио, кој сега е женет за Алисија, открива дека Кенди е жива и има дете од него. Што ќе биде со Кенди – ќе се избори ли со нејзиниот маж, кој има само половина од барањето на нејзните мисли, или ќе и прости на љубовта на нејзиниот живот и таткото на нејзиното дете?

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Жаклин Бракамонтес Кенди
Хаиме Камил Сантијаго
Валентино Ланус Патрисио
Сабин Моусиер Мариса
Фабиола Кампоманес Алисија
Хулио Алеман Артуро
Мануел Ибањез Мењо
Маурицио Херера Хаиме

Прикажување на Балканот[уреди]

Албанија: Визион +
Словенија: Поп Телевизија

Надворешни врски[уреди]