Глорија Перез
'
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Глорија Перез е бразилска писателка на новели.
[уреди] Живот и дело
Родена е во 1948. година во Рио Бранко. Нејзината кариера започнала кога таа напишала епизода за серијата „Малу“ која никогаш не била снимена. По неколку години, сценариото се нашло во раце на Жанет Клер, која се заинтересирала за работата на почетничката и ја повикала да работат заедно на нејзиниот нов прокет, новелата „Ветувам“. Во 1983. година, Жанет се разболува од рак и починува, оставајќи ја серијата незавршена. Тогаш, Глорија добила задача да биде на чело на проектот, под надзор на Диас Гомес. Следната година, заедно со Агиналдо Силва работи на „Опасен влог“. Несогласувањата околу идеите за серијата станувале очигледни, и Агиналдо ја напушта серијата. Во 1987. ја пишува полемичната „Кармен“, за телевизијата Манчете. Во 1990. се враќа во Глобо тв за да ја направи минисеријата „Посакување“, базирана на животот на Ана де Асис. Понатамошните успеси и носат добри резултати на Глорија: во 1992. и е даден главниот термин на Глобо, за серијата „Со душа и тело“. И покрај успехот, серијата останува запаметена по смртта на ќерката на Глорија, Даниела Перез, која е убиена од колега на снимање. Во 1995. Глорија се враќа со новелата „Пука срцето“, и минисеријата „Ураганот Хилда“. Во 1998. го прави римејкот на серијата „Главни гревови“, но не привлекува голема публика. Во 2001 и 2002 го прави еден од најголемите успеси на модерната телевизија: „Клон“ Белегот од Глорија Перез во нејзините новели е тоа што се задржува на социјални проблеми кои ја преокупираат и заинтересираат публиката: трансплантација на органи („Со душа и тело“), исчезнати деца („Пука срцето“), клонирање на луѓе и дрога („Клон“), слепост („Америка“) како и шизофренија, зависност од интернет, и индијска култура во новелата („Патот на Индијките“).
[уреди] Новели
- Ветување (1983 - Глобо - серијал - ко-автор)
- Опасен волк (1984 - Глобо - серијал - со Агиналдо Силва)
- Кармен (1987 - Глобо)
- Со душа и тело (1998 - Глобо - серијал)
- Пука срцето (1999 - Глобо - серијал)
- Главни гревови (1998 - Глобо - серијал)
- Клон (2001 - Глобо)
- Америка (2005 - Глобо)
- Патот на Индијките (2009 - Глобо)
[уреди] Мини серии
- Желба (1990 - Глобо)
- Ураганот Хилда (1998 - Глобо)
- Амазонија (2007 - Глобо)
|
|||||