Глома

Координати: 59°13′04″N 10°55′51″E / 59.21778° СГШ; 10.93083° ИГД / 59.21778; 10.93083
Од Википедија — слободната енциклопедија
59°13′04″N 10°55′51″E / 59.21778° СГШ; 10.93083° ИГД / 59.21778; 10.93083
Глома
Glomma / Glåma
Река
Глома кај Елверум
Потекло на името: старонордиски: Glaumr,
од raumr: „врева, тресок"
Земја Норвешка
Притоки
 - леви Ворма
 - десни Рена
Извор Еурсунд
 - место Рерус, Јужен Тренделаг, Норвешка
 - височина 690 м
 - координати 62°37′06″N 11°48′11″E / 62.61833° СГШ; 11.80306° ИГД / 62.61833; 11.80306
Утока Фредерикстад
 - местоположба Фредерикстад, Естфол, Норвешка
 - височина м
 - координати 59°13′04″N 10°55′51″E / 59.21778° СГШ; 10.93083° ИГД / 59.21778; 10.93083
Должина 604 км
Слив 42.000 км2
Истек
 - просечен 720 м3
 - максимален 4.700 м3
Глома во рамките на Норвешка
извор
утока
Изворот и утоката на Глома

Глома (норвешки: Glomma или Glåma) — најголема и најполноводна река во Норвешка, сместена во јужниот дел на земјата. Долга е 598 км, а сливот зафаќа 13% од територијата на земјата.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката извира во Еурсунд кај Рерус во Јужен Тренделаг и се влева во фјордот Ослофјорд кај градот Фредерикстад. Најважна притока е Ворма, која истекува од езерото Мјеса и ѝ се приклучува на Глома кај Нес. Езерото добива значајно количество вода од реката Логен (Гундбрандалслоген), во која се слеваат водотеците на големата долина Гудбрандсдал и така значајно го зголемуваат обемот на Глома.[1]

Поречието е богато со шуми и руда, а полноводноста овозможува лесен превоз на суровините, и затоа претставува значаен стопански чинител во регионот со векови. Денес кај устието се наоѓаат мошне значајни производствени и обработувачки капацитети, потпомогнати од хидроенергетските поволности и доброто пристаниште.

Во најгорните делови на Гломската Долина (Гломадал), реката оди на надморска височина од 500 м (во Естердален) и малку пониско во Гудбрандсдал. Шумската граница од брези се протега на височина од 900 м во Естердален. Над Рерус, шумата е ограничена на тлото од долината.

При утоката во езерото Ејерен кај Фетсунд, Глома ја образува најголемата внатрешна делта во Европа, достигнувајќи ја спротивната страна на езерото по кратка оска.Реката носи огромни количества наноси, кои се експлоатираат за производство на градежни блокови наменети за темели.

Име[уреди | уреди извор]

Во окрузите Естфол и Аксерсхус, реката е позната под обликот Glomma, додека пак во Хедмарк и Јужен Тренелаг, истата се води како Glåma, што воедно се чита малку поинаку. Во далечното минато, се нарекувала Glaumr, што потекнува од старонордискиот поим raumr = „врева, тресок“.

По реката се наречени неколку места, како што се Гломдал и Гломос.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fullerton, Brian; Williams, Alan F. (1972). Scandinavia: An Introductory Geography. New York: Praeger Publishers.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]