Главен кралски сликар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Титулата Главен кралски сликар (англ. Principal Painter in Ordinary) на Кралот или Кралицата на Англија, а подоцна, Велика Британија, била доделена на ред уметници, од кои речиси сите биле портретисти. Тој играл различна улога од онаа на Сликар-сержант, а слична на улогата на претходната титула „Кралев сликар“. Други сликари, како на пример Николас Хилијард имале слична улога, но биле без титула, која за прв пат му е доделена на дворскиот сликар Антонис ван Дајк во 1632 г.

Ова е делумна листа на сликари (по хронолошки ред) кои биле назначени за Главен сликар на Кралот или Кралицата:

Родени XVI и XVII век[уреди]

  • Сер Антонис ван Дајк (1599–1641) (Фламанец) Главен сликар на кралот Чарлс I и неговата кралица (1632, редовна плата £200 годишно, плус за секоја слика)
  • Сер Питер Лели (Холанѓанец, 1618-1680) Главен сликар на кралот Чарлс II (1661, исто така £200 годишно)
  • Сер Годфри Кнелер (Германец, 1646-1723) Главен сликар на Кралот (1680-1723)
  • Вилијам Кент (1685-1748) Главен сликар на Кралот (1723-1748), главно украсувач на ентериери.

Родени XVIII век[уреди]

Родени XIX век[уреди]

  • Џејмс Сент (1820-1916) Главен сликар на кралицата Викторија 1871-1901

Автопортрети[уреди]