Главен комплекс на хистокомпатибилност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
MHC молекула од класа I (лево) и MHC молекула од класа II (десно).

Главниот комплекс на хистокомпатибилност (англиски: major histocompatibility complex (MHC)) претставува група на протеини одговорни за презентирање на антигени на површината на клетките со цел тие да бидат препознаени од клетките на имуниот систем. Се разликуваат три подгрупи: класа I, класа II и класа III. Класата I презентира епитопи на Т-клеточните рецептори од CD8+ T лимфоцитите, а класата II презентира пептиди на CD4+ лимфоцитите.