Гиљермо Маркони
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Гиљермо Маркони (25 април 1874 во Болоња - 20 јули 1937 во Рим), италијански инжењер и пронаоѓач, еден од основачите на бежичната телеграфија. Во 1897 година ја испратил првата бежична телеграфска порака на 5 километри (за тоа време спектакуларна дестинација). Во 1898 година испратена била првата платена бежична телеграма. На 20 јули истата година испратена била првата новинарска вест преку бежичен телеграф. За прв пат успеал да предаде СОС сигнал преку Атланскиот Океан во 1901 година.