ДСУ „Никола Карев“ - Скопје

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Никола Карев“
Место
Општина: Карпош
Место: Скопје
Адреса: ул. Никола Русински бб
Основни информации
Директор: Елизабета Марковска-Ставревска
Настава на: македонски јазик
Контакт информации
веб www.nikolakarev.edu.mk

Средното училиште "Никола Карев" се наоѓа во Скопје, општина - Карпош.

Формирање и развој[уреди]

На почетокот од 1944 до 1963 година, школата функционирала како учителска школа, од 1963 до 1967 година била Педагошка гимназија, на 31.08.1970 година станува Гимназија.

Подоцна, од 1982 до 1989 година функционира како училиште со биотехнолошка насока, од 1989 до 1991 година е природно-математичка гимназија, за да потоа го стекне називот државно средно училиште, гимназија ,,Никола Карев”. Во 2001 година, со решението на Министерството за образование и наука на Република Македонија, сите гимназии во земјава почнуваат да работат по новата програма за реформирано гимназиско образование.

Учителска школа[уреди]

Првите никулци на учителската школа се уште пред 110 години. Во далечната 1894 година е отворена Српската гимназија во Скопје во која има и учителски паралелки, а во 1903 година се отвора учителската школа во Скопје. Во 1913 година учителската школа која дотогаш работи во приватни згради , е преселена во зградата наречена Идадија. Наскоро зградата е претворена во болница, а школата е преселена во Призрен. По пренесувањето на Српската школа во Призрен 1915 година, во Македонија работеле две учителски школи, во Скопје и во Прилеп. Од 1928 до 1941 работи една единствена учителска школа и тоа во во зградата на Идадија. Од податоците се гледа дека од учителската школа во Скопје од нејзиното формирање па до 1941 година излегле 37 генерации учители.

Во нашата земја 1944/45 година додека се уште се водат последните борби за конечно ослободување во ослободеното Скопје, веднаш се пристапи кон отворање на школи. Посебно место во изградбата на нашата национална култура и јазик секако заземаат учителските школи. Нивното значење е толку поголемо , што за прв пат младите луѓе можеа да се оспособуваат слободно да се учат за ширење на просветата на свој мајчин јазик. Меѓу првите школи во ослободената земја е основана и учителската школа во Скопје.

Првата школа за народни учители, односно Учителската школа на македонски јазик ,,Никола Карев” е формирана во декември 1944 година, а непосредно по завршувањето на НОБ, со решение на Президиумот на АСНОМ на Народна Република Македонија. Со ова решение наставата почнува да се одвива на македонски јазик, кој дотогаш е непризнаен и забрануван. Школата својата настава ја започнува во февруари 1945, а првите наставни планови и програми се донесени во декември 1945 година.

Во првата учителска школа на македонски јазик ,,Никола Карев” која делува како педагошки центар, се запишани 317 ученици во 9 паралелки, а наставата ја изведуваат 13 наставници. Оваа школа по пат на редовно школување ја имаат завршено 2450 учители, а по пат на семинари и курсеви завршиле 1190 учители кои сите заедно се вклучиле во просветување на младите генерации во Македонија. Првата учителска школа работи во период од 19 години, и тоа од 1945 до 1963 година. Отворањето на учителската школа е важен настан за Македонија и македонскиот народ. За прв пат во својата историја македонскиот народ се здобива со правото во својата учителска школа наставата да ја изведува на својот мајчин јазик и во својата школа да образува свои народни учители. Оваа учителска школа својата редовна настава ја започнува во февруари 1945 година, а за прв директор на школата е назначен Илија Панов. Наставата се одвиваше по времен наставен план изработен од наставничкиот колегиум во трговската школа, бидејќи зградата на учителската школа е времено употребувана за воени цели. При школата школата постоеше и интернат поради фактот што во школата учеа ученици од целата територија на Македонија. Директорот на школата во исто време беше и управител на интернатот, а додека некои од наставниците работеа и како воспитувачи. Интернатот во прво време се наоѓал во зградата на трговската школа, а при крајот на учебната 1945/46 година е преместен заедно со школата во зградата на учителската школа. Во тоа време учителската школа нема вежбална, а предвидената настава се организира и одржува во некои одделенија на осмолетките ,,Гоце Делчев”, ,,Kлимент Охридски”, а подоцна и ,,Његош”, под раководство на училишниот методичар.

Веднаш по формирањето на учителската школа е отворен и интернатот. На 1-ви март 1945 година, 244 ученици го започнале својот интернатски живот во многу тешки услови. Учителската школа Учителската школа ,,Никола Карев” има вежбална, формирана 1949/50 година, која претставува место каде идните учители се учеле, калеле и воспитувале во самопрегорната и возвишената учителска работа. Исто така вежбалната претставува место за проверување, утврдување и продлабочување на она знаење што се добило во учителската школа со теоретска настава. Учениците под раководство на педагозите (методичари и учители од вежбалната), вршат обид за примена на наставните принципи и методи, се учат да го следат воспитно-образовниот процес во наставата, како во училиштето-вежбалната, така и надвор од него, се оспособуваат да можат да ја организираат наставно воспитната работа спрема условите со цел да формираат сестрана образовна личност.

Уште во учебната 1948/49 година во учителската школа, се формирани првите албански паралелки, кои подоцна прераснаа во самостојна Албанска учителска школа ,,Зеф Љуш Марку”. Во учебната 1951/52 година, отворени се и турски паралелки кои работат во состав на школата и постојат до укинувањето на учителските школи во Република Македонија.

По катастрофалниот земјотрес кој го потресе Скопје истото лето, на 26 јули 1963 година, целосно беа онеспособени училишните згради за работа, а беа и оштетени голем дел од инвентарот и училните. Зградите на учителската школа подоцна се одлука на Собранието на општината Идадија се срушени, а во дворот на школата се изградени бараки за општинските канцеларии на Собранието на општина Идадија, така што учителската школа ,,Никола Карев” остана без сопствените простории.

Учество на натпревари[уреди]

Освоени награди[уреди]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди]

Надворешни врски[уреди]