Гернроде

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Гернроде
Место од Кведлинбург
Historic centre
Historic centre
Грбот на Гернроде
Гернроде во рамките на Германија
Гернроде
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Харц
Град Кведлинбург
Основни податоци
Површина 34 km2 (13 sq mi)
Надм. височина 217 m  (712 ft)
Население 3.710  (31 декември 2009)
 - Густина 109 /km2 (283 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HZ
Пошт. бр. 06507
Повик. бр. 039485
Мреж. место vgm-gernrode-harz.de

51°43′28″N 11°8′21″E / 51.72444°N 11.13917°E / 51.72444; 11.13917

Гернроде е град и поранешна општиона во Германија, во округот Харц, Саксонија-Анхалт. Градот бил првпат споменат во 961 и станал град (добил Stadtrecht) во 1539. Од 1 јануари 2011, е дел од градот Кведлинбург. Гернроде е 9 километри јужно од Кведлинбург на планините Харц и има покраинско признание како бањски град, каде што може да се лекувате и да закрепнете целосно (staatlich anerkannter Kur- und Erholungsort). Денес, најмногу е познат по отонско-романескната црква Свети Кириакус и по почетокот на Зелкеталбан.

Градот, исто така, е познат и како 'Гернроде/Харц', поради неговата местоположба на планините Харц, со цел да се направи разлика од другиот Гернроде во округот Ајхсфелд во Тирингија, исто така наречен 'Гернроде (Ајхсфелс)'.

[уреди] Историја

Reichsabtei Sankt Cyriakus in Gernrode
Царска опатија Свети Кириакус во Гернроде
Опатија

999–1570 (Де факто)
999–1728 (Де јуре)
Flagge Herzogtum Anhalt.svg
Главен град Гернроде
Уредување Теократија
Историски ери Среден век
 - Основана од Гери I Железни 959
 - Стекнала Reichsfreiheit
    од императорот Отон II

25 март 964
 - Опатијата се издигнала на
    gubernatrix

999
 - Асканиска заштита 1149–1616
 - Гернроде се именувал како град 1539
 - Елизабета III
    последна избрана опатица

1564–70
 - Опатијата формално
    се префрлила кон Анхалт
    од имп. Карло VI


1728
 - Завршно заминување на игуменот
    од имп. Франц II

1802
Денес дел од Знаме на Германија Германија

Маркгрофот Геро I Железни го основал манастирот Свети Кириакус (St. Cyriakus) во 960 (во рамките на утврдувањата, изградена во тоа време). Геро, исто така, ја основал и соборната црква Свети Кириакус на манастирот, која светиот римски император Отон Велики ја зел под своја специјална заштита во 961. Геро ги донел назад моштите на Свети Кириакус за црквата од неговото второ патување во Рим во 963. Манастирот бил укинат во 1570, кога последната опатица се омажила. Соборната црква Свети Кириакус, сè уште го поседува гробот на Геро, и е една од најстарите и најсочуваните примери на отонската и романескната архитектура во Германија. Црквата била обновена од 1858 до 1874.

Направени се дополнувања на црквата во 11-от и 12-от век, вклучувајќи ја и западната крипта, страничната галерии и неколку отворени простори. Постои и капела од овој временски период во јужниот коридот на наосот со копија на гробот на Христос (претстава на Светиот Гроб во Ерусалим), кој е еден од најстарите од таков вид во Германија. Црквата била првата северно од Алпите што имала трифориум галерија во наосот и исто така прва што имала наизменични столбови и колони (белег на саксонските цркви).

Императорот Барбароса, кој останал во Гернроде во 1188, го поклоник ѕвонецот во истата година на црквата Свети Стефан (Stephanikirche, исто така познат и како Црква на плоштадот или Marktkirche), втората историска црква во градот. Црквата била изградена во 1046 и имала основно училиште од 1847.

Гернроде ги добил правата за подготовка на пиво во 1545. Произведувањето на пиво запрело, но дестилеријата сè уште постои во градот. Градот бил традиционално дел од војводството Анхалт и округот Баленштет. Од 1037 до 1740, имало рудници за олово и сребро. Мечеви и пиштоли се правеле во Гернроде.

Реформацијата стигнала до Анхалт и Гернроде во 1521. Протестантското основно училиште било основано во 1533. Зградата била користена како училиште до 1847 и можеби е и најстарото такво училиште во Германија. Делови од Гернроде биле опожарени во Триесетгодишната војна (двапати, во 1631 и 1635). Имало 2.533 протестантски жители во 1885.

Во 1945, на крајот на Втората светска војна, Гернроде бил преземен од американските сили без битка, по што следи окупација од советските трупи. Гернроде ја прославил својата 1.000-годишнина во 1961 и 450-тата годишнина како град во 1989. Бил дел од Источна Германија од 1949, па до германското повторно обединување во 1990. Во 2001, биле одржани прослави во чест на Отон I.

[уреди] Гернроден денес и Зелкеталбан

Гернроде е национално признаен по неговите здравствени објекти и седиште на интегрираниот адмнинистративен регион Гернроде/Харц.

Гернроде се наоѓа 215 метри надморска височина, на подножјето на планините Штубенберг. Тој е почетна точка на Зелкеталбан (Железница низ долината Зелке), железница на тесни колосеци, која е интересна како технички, така и за туристите. Линијата била изградена во 1887 година и по првичното искачување низ планините, следи долината на реката Зелке и линија до Трасе де Харц. Линијата поминува низ заедниците Мегдешпрунг (каде линијата се приклучува на реката Зелке) и Алексисбад и пошироко до Штиге. Конечната должина од Гернроде до Штиге е 35 километри. Постојат и линии до Харцгероде (од Алексисбад) и Хаселфелде (од Штиге, каде таа се поврзува со железницата на тесни колосеци Харцквербан). Таа е најстара железница на тесни колосеци на планините Харц и е одржувана со комбинација на стари и нови модерни дизел-локомотиви. Таа не е само туристичка линија, туку се транспортира и товар. Оваа линија е продолжена до Кведлинбург во 2006, со повторна изградна на стандардната пруга претходно управувана од страна на Германски железници.

Понови атракции се огромниот часовник со клукодрвец (чиј клукодрвец се појавува секои петнаесет минути), кој е запишан во Гиносовите рекорди во 1998. Ова е дел од фабриката за часовници, која вклучува и огромна метео куќа, која ги покажува моменталните временски услови. Други локални атракции се 7,45 метри огромен дрвен термометар и најголемата табла за Скат во светот.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици