Германски претседател

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Германски претседател[уреди]


Претседателот на Германија е шеф на државата. Претседателот на државата има главно церемонијални должности. Тој држи јавни говори и има овластувања да примени мерки во вонредни ситуации, (нагласено во Основните начела, Одредба 81, од Уставот на СР Германија). Сите закони на државата мораат да бидат потпишани од страна на Претседателот, пред да стапат во сила. Тој може да одбие да го потпише тој закон, доколку смета дека законот содржи одредби спротивни на Уставот. Претседателот е избран од Сојузното Собрание. Претседателот престојува во две резиденции, Палатата Белви во Берлин и Вилата Хамершмит во Бон. Првиот кабинет на Претседател во Република Германија е основан во 1919 година. Фридрих Еберт бил првиот претседател на СР Германија. Стандардот за поставување на претседател е усвоен во 1921 година и сеуште е во правна сила. За време на Вајмарската Република, Германија имала полупретседателско уредување, а денешната улога на претседател е церемонијална и надзорна, додека ефективната власт ја има Канцеларот.

Постапка за избор на претседател

Претседателот се избира по пат на тајно гласање, без дебата, од Сојузното Собрание, правно тело, кое е основано единствено за оваа намена. Собранието се состои од сите членови на Бундестагот, и делегати избрани од Властите на Покраините. Во зависност од големината на покраината, таа испраќа пропорционален број на делегати. Делегатите не е неопходно да се дел од законодавната власт. Сојузното собрание брои повеќе од илјада членови. Согласно германскиот Устав, собранието мора да биде свикано во период од триесет дена, пред истекот на мандатот. При изборот на Претседател на државата, собранието го свикува и на него заседава- Претседателот на Собранието. Сите конгреси, во периодот од 1979 до 2009 се одржани на 23 мај, датумот на создавањето на СР Германија во 1949 година. Но, бидејќи поранешните претседатели, Хорст Кулер и Кристијан Вулф поднеа оставки, изборите во 2010 и 2012 година се одржани на други датуми за да се совпаднат со Одредбата за свикување на собранието, триесет дена пред истекот на мандатот. Сојузното Собрание тежнее да избере претседател според мнозинството на гласови. Доколку, по две последователни гласања, ниту еден кандидат не добие доволно гласови, во третиот и последен круг на гласање, избран за претседател е оној кандидат кој добил најмногу гласови. За процесот на избор на претседател, во принцип одлучуваат политичките партии, партијата која ја претставува десницата, ужива мнозинство на овие конгреси. Основачите на Уставот избрале индиректна форма на претседателски избори, со што би се овозможило шефот на државата да е широко прифатен, изолиран од јавен притисок, а истовремено да нема апсолутна власт со која би можел да располага за сметка на другите власти.


Квалификации за Претседател

Претседател може да биде секој Германец кој е овластен да гласа на изборите во Бундестагот и да е на возраст над 40 години, но никој не може да служи повеќе од два последователни мандати. Годишната исплата на претседател изнесува приближно 213.000 евра, којашто продолжува да ја добива и по истекот на мандатот. Претседателот не смее да биде член на влада или законодавна власт на сојузно или државно ниво. Претседателот, пред да ја преземе функцијата, мора да положи заклетва, пред членовите на Бундестагот и Бундесратот.

Должности и функции

Моќта со која располага претседателот е ограничена. Во пратиката, оваа титула има церемонијална улога, а носителот на титулата, дејствува во согласност и на совет со Владата. За разлика од многу уставни уредувања, германскиот Устав НЕ го назначува шефот на државата како врховен командант на воените сили (церемонијално или на друг начин). Според одредбата 56а, во нормални услови оваа улога ја има Министерот за одбрана. Во состојба на војна, оваа улога ја презема Канцеларот, согласно Одредбата 115 од Уставот. Сепак, Германија неможе да прогласи состојба на војна без одобрение од претседателот. Претседателот ги извршува следните должности: Назначување на членови на сојузната влада Претседателот предлага канцелар, кој е последователно избран од Бундестагот. Но, Бундестагот може да го отфрли предлогот на Претседателот и да избере друг поединец, кого Претседателот е должен да го назначи за канцелар. Претседателот ги назначува и разрешува и останатите членови на Сојузната Влада на предлог од Канцела рот. Претседателот може да го разреши Канцеларот, само доколку Бундестагот изгласа недоверба. Доколку се случи тоа, Претседателот мора да го разреши Канцеларот и да го воведе во должност новоизбраниот кој бил предложен од Бундестагот.

Останати назначувања

Претседателот ги назначува сојузните судии, високи административни сојузни службеници и воени офицери. Документите за назначувања, изискуваат втор потпис од канцеларот или од министер од релевантен кабинет.

Распуштање на Бундестагот

Кога Бундестагот избира Канцелар од мнозинството на гласови, Претседателот има слобода да реши, да го назначи избраниот поединец или да го распушти Бундестагот и да побара повторно гласање. Во случај кога гласање доверба е одбиено во Бундестагот, Канцеларот на функција, предлага распуштање на Парламентот, Претседателот по сопствена иницијатива може да го распушти парламентот, во рок од 21 ден. Во историјата на СР Германија ова се случило три пати. Во сите случаи, мотивите за распуштање на Бундестагот се сомнителни. Бундестагот неможе да се распушти на сопствена иницијатива.

Донесување закони

Сите закони донесени во СР Германија, по второто потпишување, мораат да бидат потпишани од Претседателот, пред да стапат во сила. Пред да го потпише законот, Претседателот мора да се увери дали законот е донесен во постапка предвидена со Уставот и дали содржината на законот е уставна. Доколку содржината не е уставна, Претседателот има право да не го потпише законот. Случаите кога не бил потпишан закон, се ретки.

Надворешни работи

Претседателот ја претставува Германија во светот (Одредба 59 од Уставот), посетува земји, и пречекува свечено странски високи функционери. Исто така тој склучува договори со други нации (кои не се важечки без согласност на Бундестагот), акредитира германски дипломати и прима акредитивни писма од странски дипломати.

Амнестија и одликувања

Претседателот доделува одликувања и признанија и дава помилувања доколу осуденикот е осуден под надлежност на сојузната јурисдикција.

Партиска непристрасност и влијание

Претседателот се очекува, по преземање на функцијата, партиски да не е определен. Партиското членство на секој претседател за време на мандатот е во мирување. Иако надлежностите на претседателот се ограничени, улогата на претседател, е доста значајна, во зависност неговите активности. Доколку Претседателот се одлучи да зборува за одредена политичка проблематика, неговото гледиште се зема предвид. Улогата на претседател е делумно слична со онаа на монарх, но важна разлика е дека претседателот е избран врз основа на неговата репутација. Со оглед на тоа дека со дневните политички проблематики се занимава Канцеларот на Германија, Претседателот е повеќе олицетворение на чувар на политичкиот систем, морален авторитет и фигура за идентификација на Германија. Споредбено, Претседателот претставува судски филозоф или национална свест. Тој е повикан да развива и толкува иновации на долги стази, кои ќе влијаат на Германија и на на нејзината улога во светот. Фокус на расправа е прашањето дали претседателот е задолжен да ги следи сите упатства на владата во сите околности.На пример, е предложено, Претседателот да може да одбие да потпише закон само затоа што не се согласува со содржината на истиот и на истиот му стави вето, или да одбие да назначи кабинет. Овие точки од Уставот не се тестирани, затоа што ниеден претседател се нема обидено да ги примени. Во случаите кога закон не бил потпишан, претседателите тврделе дека предлог-законот е неконституционален. Во 2006 година, претседателот Келер одбил закон во рок од три месеци. Во некои случаи пак, Претседателот им се обратил на политичките партии да го дадат законот на расправа, пред сојузниот уставен суд, за да се провери неговата уставност. Во 2002 година Бундесратот се обидел да усвои контроверзен закон за имиграција, а делегатите на Бранденбург не успеале да го дадат својот неанонимен глас, кој е задолжителен според Уставот за секоја покраина. На крај сојузниот уставен суд го прогласил законот за неважечки, поради причини за одвивање на процедура која не е во согласност со протоколот за усвојување на закони.

Наследност

Уставот не создал кабинет на подпретседател на Германија. Доколку Претседателот е надвор од државата, или позицијата е празна, Претседателот на Бундесратот привремено го наследува се додека не е одбран нов поединец, но паралелно тој не ја врши функцијата на Претседател на Бундесратот. Доколку претседателот почине, даде оставка или е разрешен од функција под друга основа, наследникот мора да се избере во рок од 30 дена. Овој процес за прв пат се спроведува на 31 мај 2010 година, кога Хорст Кулер поднел оставка. Јенц Бурнзен, Претседател на покраината Бремен, истовремено и претседател на Бундесратот, ги преземал правата и должностите на шеф на државата. Додека претседателот е надвор од државата на државна посета, Претседателот на Бундесратот не ги презема во целост неговите належности, но може да го застапува, особено во оние задачи кои бараат физичко присуство, како што е на пример, потпишувањето на документи.

Импичмент и разрешување од функција

Додека е на функција, Претседателот има имунитет, што значи дека неможе да биде кривично гонет или отповикан од функција. Единствен механизам за отстранување од должност на претседател е преку јавно обвинение или импичмент. Бундестагот го обвинува претседателот а сојузниот уставен суд е задолжен да одреди дали е виновен или не. Доколку обвинението е одобрено, судот има овластување да го разреши Претседателот. Сеуште ниту еден претседател не подлегнал на овие мерки. Властите во Хановер побарале укинување на имунитетот на Вулф поради наводна измама за позајмици.

Претседателски стандард

Стандардот за Претседател на Германија бил усвоен на 11 април 1921 година и се употребувал до 1933 година. Постоела верзија со мали промени до 1926, која ја надполнувала претходната од 1921 година. Во 1933 година и двете верзии биле заменети со друга модифицирана верзија која се употребувала до 1935 година. Претседателскиот стандард од Вајмарската ера е повторно усвоен по одлука на претседателот Теодор Хојс на 20 јануари 1950 година. Тој формално ги усвоил државните симболи, вклучувајќи го и грбот на Германија. Орелот, (Рајхседлер, денес наречен Бундеседлер Bundesadler) кој е содржан во грбот на Вајмарската Република, но и денес, прв пат бил претставен, по одлука на претседателот Фридрих Еберт, на 11 ноември во 1919 година.

Историја

Вајмарската Република

Позицијата на претседател на Германија, е воведена за време на Вајмарската конституција, веднаш по Втората Светска Војна и абдикацијата на Царот Вилхелм Втори во 1918 година. Тогашниот назив за шеф на државата е Претседател на Рајхот. Фридрих Еберт од СПД е првиот претседател на Германија, тој е наследен од Пол фон Хинденбург. Позицијата ги изгубила своите надлежности со смртта на Хинденбург во 1934. Тогаш сите надлежности,паднале во рацете на Канцеларот. Со Германија завладеал Адолф Хитлер како фирер и канцелар на Третиот Рајх. Сепак, канцеларијата на претседател не исчезнала, а повторно добила значење кога Хитлер го поставил адмиралот Карл Дуниц како негов наследник како претседател. Дониц им се предал на Сојузниците, а по неколку дена бил уапсен. Вајмарскиот Устав создал полупретседателски систем, кадешто надлежностите биле поделени меѓу претседателот, владата и парламентот. Во тоа време претседателот уживал многу повеќе права и имал надлежности, за разлика од денешната улога на претседателот која е претежно церемонијална. Неговата улога била многу значајна и поради нестабилноста која владеела во Вајмарската Република. Претседателот имал право да го назначи канцеларот но и да ја распушти владата во кое било време. Било потребно Рајхтагот да има доверба во владата, затоа што во секое време можело да се изгласа недоверба. Сите предлог-закони задолжително добивале потпис од претседателот,за да стапат на сила, исто така тој можел да инсистира некој закон да помине, по пот на референдум. Претседателот имал моќ да го распушти Рајхтагот, да склучува договори со други земји и да командува со воените сили. Согласно одредбата 48 од Уставот, претседателот имал потполна моќ, во вонредни состојби и состојби на криза. Доколку јавниот ред и мир се загрозени, претседателот имал право да ги суспендира и основнмите човекови права. Претседателот дирекно се избирал, и имал мандат од седум години. Изборот вклучувал систем од два круга, но сепак првиот претседател е избран од државниот Совет. Пол фон Хинденбург е избран во 1925 година и реизбран во 1932 година. Системот составен од Вајмарската држава довел до многу проблеми. Имено, фактот дека претседатело може да именува членови на владата, а Рајхтагот имал моќ да го распушти, довело до многу проблеми. Хинденбург престанал да се обидува да именува кабинети, бидејќи по брзо време биле распуштани. За време на 14 годишното постоење на Вајмарската Република, се одржале осум избори во Рајхтагот. Поделба Германскиот Рајх не престанал да постои во 1945 година, туку четири години по окупацијата од Сојузниците, а се формирале три германски држави во 1949 година, и тоа Сојузна Република Германија ( Западна Германија во тоа време) под окупација на САД и Велика Британија, Саар во француската зона, до 1957 година кога и се придружила на ГДР односно Германска Демократска Република или Источна Германија на бившиот простор на Советскиот Сојуз. Се до обединувањето во 1990 година, постоеле две држави.

Источна Германија

Источна Германија имала кабинет на шеф на државата со титула Претседател на Републиката, но престанала да постои по смртта на првиот претседател Вилхелчм Пик во 1960 година. Сите позиции биле поставеувани од страна на владеачката партија “Социјалистичка обединета партија на Германија”.

Сојузна Република Германија

Со донесувањето на Уставот во 1949 година, институцијата Претседател на државата била создадена и во Западна Германија. По обединувањето на Германија во 1990 година, титулата се задржала како претседател на целата држава.