Рајхстаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Германски Рајхстаг)
Рајхстаг
Општи податоци
ГрадБерлин
ЗемјаГерманија
Координати52°31′07″N 13°22′34″E / 52.5186° СГШ; 13.376° ИГД / 52.5186; 13.376
Почната9 јуни 1884
Завршена1894
Обновена1961-64, 1992
Проектирање и изградба
АрхитектПаул Валот
Обновувачи
АрхитектНорман Фостер
Зградата на Рајхстагот

Рајхстаг (германски: Reichstag - Царско собрание) бил парламент на Светото Римско Царство, Северногерманскиот Сојуз и Германија до 1945 година. Денешниот парламент се вика Бундестаг (гер. Bundestag - сојузно собрание), но зградата на парламентот во Берлин сѐ уште се вика Рајхстаг. Постојната зграда (на сликата), во нејзиниот првичен облик, е започната во 1884 г. и е дело на архитектот Паул Валот.