Географија на Кирибати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Кирибати.
Сателитска снимка на Гилбертовите Острови.

Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските одлики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 км2 и население од 105.432 според проценките за 2005 година.

Податоци[уреди | уреди извор]

Местоположба
Кирибати се наоѓа во Океанија и е составена од три островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Низ државата поминува екваторот. Кирибати е најисточната држава во поглед на часовните појаси. Државата нема копнени граници, но по морски пат се граничи со Науру и Микронезија на запад, со Тувалу, Токелау, Кукови Острови и Француска Полинезија на југ и со Француска Полинезија на југоисток. На исток и север се граничи со меѓународни води. Географските координати на земјата се 1°25′N 173°00′E / 1.417° СГШ; 173.000° ИГД / 1.417; 173.000.
Површина
  • вупно: 771 km2 (298 ми)
  • копно: 771 км2
  • вода: нема
Белешка: Во вкупната површина се опфатени сите три островски групи.
Морски територии
  • ексклузивна економска зона: 370 km
  • територијални води: 22 km
Копнени граници
нема
Брег
1,143 kм (3,750,000 ст)
Клима
тропска клима со топли и суви периоди.
Релјеф
Повеќето од островите се рамни и опколени со корални гребени.
Надморска височина
Природни ресурси
фосфат
Употреба на земјиште
  • обработливо: 0%
  • постојани насади: 51%
  • постојани пасишта: 0%
  • шуми: 3%
  • друго: 46% (проц. за 1993)
Природни непогоди
во државата се појавуваат тајфуни, обично од ноември до март. Поради малата надморска височина на островите, државата може да биде потопена.

Крајни точни[уреди | уреди извор]

Крајните точки на Кирибатите се:

Демографија[уреди | уреди извор]

Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.

Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.

Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во 19 век. Повеќето се католици.

Поврзано[уреди | уреди извор]