Генска фамилија
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Генските фамилии се групи на ДНК сегменти кои еволуирале од заеднички предок-сегмент од ДНК кој претрпел дупликација и дивергенција. Тие се збир од повеќе ДНК сегменти кои еволуирале од еден заеднички ДНК сегмент кој се копирал и изменувал во текот на милиони години.
Членовите на една генска фамилија можат да вклучуваат експресирани (изразени) гени како и неизразени секвенци (промотори, оператори, транспозабилни генетски елементи, како и псевдогени, што претставуваат гени кои повеќе не се функционално изразливи).
