Октавијан Август

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гај Октавијан)
Гај Јулиј Цезар Август
Цар на Римскаta Империја
Оваа статуа е позната под називот август од Прима Порта
На престол16 јануари 27 п.н.е. – 19 август 14
НаследникТибериј
Сопружник1) Clodia Pulchra 43–40 п.н.е
2) Scribonia 40–38 п.н.е
3) Livia Drusilla 38 п.н.е– 14 н.е.
ДецаJulia the Elder;
Гај Цезар (посвоен);
Луциј Цезар (adoptive);
Тибериј (посвоен)
Полно име
Гај Октавијан Турин (од раѓањето до посвојувањето од Јулиј Цезар во 44 година п.н.е.);
Гај Јулиј Цезар (од 44 до 27 година н.е.);
Гај Јулиј Цезар август (од 27 година до смртта)
Царска династијаЈулио-Клаудијска
ТаткоПрироден: Гај Октавијан;
Посвоен од: Јулиј Цезар (во 44 п.н.е.)
МајкаAtia Balba Caesonia

Октавијан Август (латински:Gaius Iulius Caesar Octavianus Augustus) е првиот римски цар. Роден е во 63 п.н.е. како Гај Октавијан, а подоцна бил познат како Гај Јулиј Цезар Октавијан. Со Римското Царство управувал од 27 п.н.е. до 14 н.е.. Во 43 п.н.е., заедно со Марк Антониј и Марк Емили создале политички сојуз, попознат како Втор триумвират. Неговата титула „август“ на латински јазик значи „возвишен“, во религиозна мисла на зборот. Подоцна, оваа титула ја носеле сите римски цареви кои го наследиле.

Уште додека бил жив, Октавијан Август го почитувале како божество, најпрвин во провинциите, а потоа и во Италија. Таа задача ја извршувале шестмина ослободени робови, секој по една година, кои можеле оваа служба да ја извршуваат повеќепати. По завршувањето на нивната служба, со решение на Сенатот, најпрвин на некои од нив, а подоцна на сите, доживотно им биле доделени почестите поврзани со оваа служба и така постепено во градовите се формирал посебен сталеж на т.н. шестемина Августовци. Подоцна, царевите наредувале тие шестмина да се избираат насекаде низ царството, со цел да го шират почитувањето на народот кон царот.[1]

Октавијан Август се смета за една од најважните личности во историјата на Римското Царство. Тој создал нов облик на управување во внатрешноста на империјата, кое се задржало во следните триста години. Тој му ја вратил власта на римскиот Сенат, но во исто време ја зачувал својата автократска позиција. На престолот го наследил царот Тибериј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петроније Арбитер, Гозба Трималхионова. Београд: Нолит, 1957, стр. 11.