Гајер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Гајер
Geyer Altmarkt.jpg
Грбот на Гајер
Гајер во рамките на Германија
Гајер
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Адм. подрач. Хемниц
Округ Ерцгебиргскрајс
Месна заед. Гајер
Градоначалник Јоаким Вајс (CDU)
Основни податоци
Површина 19 km2 (7.3 sq mi)
Надм. височина 550-741 m
Население 4.034  (31 декември 2006)
 - Густина 212 /km2 (550 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 09468
Повик. бр. 037346
Мреж. место www.stadt-geyer.de
Местоположбата на град Гајер во рамките на округот Ерцгебиргскрајс
Карта

50°37′25″N 12°55′24″E / 50.62361°N 12.92333°E / 50.62361; 12.92333

Гајер е град во округот Ерцгебиргскрајс, во Саксонија, Германија.

Содржина

[уреди] Географија

Гајер се наоѓа 8 километри северозападно од Анаберг-Бухолц и 23 километри јужно од Хемниц, во долината на потокот Гајерсбах. Градот главно е опкружен од шума, вклучувајќи ја и шумата Geyersche Wald, која му припаѓа на градот.

Гајер се граничи со Еренфридерсдорф на североисток, Таненберг на југоисток, Елтерлајн на југ. Градот Цвениц е на запад, Хормерсдорф на северозапад и областа Грајфенштајне на север.

[уреди] Историја

Гајер бил првпат споменат во официјалните документи во 1381, иако рударството во областа на Рудните Планини веќе постоело со децении претходно. Во 1407, Гајер ги добил пазарните права (Marktrecht), а 60 години подоцна станал и град. Во 1537, во градот била воведена Реформацијата. Познатиот ренесансен градител Хиеронимус Лотер се населил во Гајер во 1566.

Во 16-от век, рударството станало потешко да се одржи, бидејќи повеќето рудници започнале да се исцрпуваат, кои произведувале сè повеќе и повеќе непотребни карпи. Ова довело до сè поголеми шуплини, кои довеле во 1704 и во 1803 до големи несреќи во Гајер. Рударското окно Гајерше Бинге сè уште може да се посети и денес.

Со падот на рударството во областа, Гајер (како и многу други градови и села во Рудните Планини) се сврте кон дрвната индустрија - особено разни декорации и играчки - како работа за економско преживување. Во 18-от и 19-от век, текстилната индустрија била главен извор на приход за Гајер. Во 1888, Гајер бил поврзан со пруга со тесен колосек, која станала дел од „Thumer Netz“, а во 1897, градот бил поврзан со електрична мрежа.

Стражарска кула

[уреди] Знаменитости

[уреди] Кула-музеј

42-метри високата стражарска кула била изградена во 1395 како утврдена кула, служејќи како скривалиште за граѓаните во време на војна. Помеѓу 1561 и 1564 кулата била подигната со карактеристичниот октагонален облик. Ова било направено да се создаде соба за Türmerfamilie, стражарот против пожари (и неговото семејство), со цел да обезбеди предупредување од катастрофалните и честите пожари во тие денови. Во 1952 оваа кула била претворена во музеј, кој покажува историски артефакти на седум нивоа поврзани со рударството и живото во градот низ вековите.

Саксонска IV K 99 534 на поранешната железничка станица во Гајер

[уреди] Стара железничка станица

Гајерше Бинге

На местото на поранешната станица се наоѓа историската парна локомотива за пруга со тесен колосек заедно со вагоните, како потсетник на времето кога Гајер бил дел од мрежата Тум, во рамките на пругите со тесни колосеци во Саксонија.

[уреди] Гајерше Бинге

Гајерше Бинге е срушен рудник, несреќа предизвикана од пожар. Првата несреќа се случила во 1704, додека преостанати несреќи следеле низ годините. Последното рушење било на 11 мај 1803 и довело до прекин на рударството во Гајер. Областа е околу 60 метри длабока, 200 метри широка и 250 метри долга. Од 1935 ова е природен резерват.

[уреди] Познати жители

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици