Галиција
Од Википедија, слободната енциклопедија
Галиција е автономна покраина во Шпанија. На север граничи со Атлантски Океан, на југ со Португалија, на исток со Астурија и Кастилја и Леон. Зафаќа површина од 29,574 километри квадратни и има 2,8 милиони жители. Главен град е Сантијаго де Компостела. Oфицијален јазик покрај шпанскиот е и галицискиот, што некои го сметаат за дијалект на португалскиот поради нивната сличност.