Гале Фиданоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гале Фиданоски
Роден 1936
Битуше, Гостиварско
Занимање новинар, публицист

Гале Фиданоски (Битуше, Гостиварско, 1936) — македонски новинар и публицист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Фиданоски е роден во 1936 година во гостиварското долнореканско село Битуше, каде што ги поминал и своите најрани детски години. По завршување на основното образование се запишал во учителската школа „Никола Карев" во Скопје. Со дипломата народен учител две години работел во ОУ „Иво Рибар Лола" во Ростуше. Во 1962 дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и истата година е поставен за директор на ОУ „Денче Дејаноски" во Маврови Анови. По три години работа во Маврово, во 1965 година е примен за новинар-уредник во Радио Гостивар, каде што како новинар-урендик, односно директор и главен и одговорен уредник останал сè до пензионирањето во 2000 година. Покрај активната и ангажирана новинарска работа во Радио Гостивар, нешто повеќе од 35 години бил и дописник на Радио Скопје од Гостивар. Соработува и со други електронски и печатени медиуми.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • 1976 - Априлскиот злостор во Ново Село;
  • 2010 - Копанка[2] (се јавува како потготвувач. Книгата е печалбарски запис на неговиот татко Трпе Фиданоски);

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мастилен молив напиша книга - Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-12-07.
  2. Копанка