Галебот Џонатан Ливингстон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Галебот Џонатан Ливингстон“  
Автор Ричард Бах
Наслов на
оригиналот
Jonathan Livingston Seagull
Илустратор Расел Мансон
Земја САД
Јазик Англиски
Страници

37.

Вкупно се 68 страници,но само 37 се со текст,останатите се слики.

Галебот Џонатан Ливингстон е басна во новеланапишана од Ричард Бах, во која се зборува за галеб кој учи за животот и летањето, како и за подобрувањето на себеси. Првпат е печатена во 1970 година, оттогаш станаува популарна низ Америка. До крајот на 1972 година, продадени се повеќе од милион копии, и се нашла на врвот на најпродавани книги во списанието Њујорк Тајмс, каде останала цели 38 недели.

Кратка содржина[уреди]

Галебот Џонатан Ливингстон е галеб на кој не му претставува предизвик секојдневната потрага по храна. Тој е обземен од страста по летањето и своето време го поминува обидувајќи се на научи што е можно повеќе за летањето. Ваквото непримерно однесување доведува до тоа Џонатан да биде избркан од сопственото јато. Како одметник, далеку од судот на јатото, тој продолжува со задоволство да учи за летањето. На таков начин спознавајќи се себеси преминува на „повисоко ниво на егзистенција“.